20 Декември, 2025
0.0695

АЛБАНИЈА СЕ СООЧУВА СО ЕГЗОДУС: Во кои земји бега населението?

Објавено во: Економија, Балкан 27 Август, 2024 16:41

Добивај вести на Viber

Во Албанија продолжува масовна емиграција поради ниските плати и корупцијата.

Албанија продолжува да се соочува со масовен егзодус на населението во поразвиените земји. Таа заедно со Молдавија е меѓу земјите со највисоко ниво на имиграција.

Проблемот го посочува Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во глобалниот извештај за 2024 година, во кој се наведува дека „главно, поради недостатокот на перспективи за вработување со пристојни плати, многу луѓе заминаа да работат во Западна и Северна Европа“.

И според објавените податоци на Европскиот институт за статистика, Албанија има највисоко ниво на емиграција. Во периодот од 2014 до 2024 година, само преку легална емиграција, од Албанија заминале повеќе од 478.000 граѓани. Но, реалниот број на оние кои ја напуштиле земјата е многу повисок, ако се земе предвид илегалната имиграција.

Најпосакувана дестинација и понатаму е Германија, по што следуваат Франција, Италија и Велика Британија.

Земјите како Албанија и Република Молдавија се едни од најтешко погодените. Околу 40 отсто од албанската работна сила, на пример, се проценува дека работи во странство, што придонесува за одлив на мозоци, вршејќи притисок врз локалните индустрии и економии кои постојано губат работници, како нискоквалификуван, така и високообразовен кадар“, вели ИОМ.

Меѓународната организација за миграција како причини ги наведува високата стапка на сиромаштија, разликите во платите меѓу Албанија и другите земји во регионот, значителната корупција и клиентелизмот, кои влијаеле врз одлуките на луѓето да ја напуштат земјата.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба