18 Мај, 2024
0.3975

Албанското знаме засега само на еден авион

Објавено во: Економија 27 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Албанскиот орган за цивилно воздухопловство во вторникот објави дека му доделил на новоформираната национална авиокомпанија Ер Албанија, со седиште во Тирана, потврда за обезбедување на услуги за воздушен транспорт.

Дозволата за албанско знаме на воздухопловите е поддржано од Turkish Airlines, сопственик на 49 отсто од акциите во компанијата. Останатите 51% во Air Albania се контролирани од страна на давателот на услуги за воздухопловна навигација Аlbcontrol и локалната компанија МДН Инвестмент.

- Првата воздушна дестинација од Тирана ќе биде Истанбул, а летот ќе биде сервисиран со единствениот авион Ербас А319-132, изјави директорот на воздухопловната агенција на земјата, Крислен Кери, во соопштението за печатот.

Компанијата наскоро ќе додаде во својата флота втор авион кој ќе ги сервисира европските дестинации, рече Кери, додавајќи дека првите континентални летови ќе бидат во Рим, Милано, Болоња и Лондон.

Претходно овој месец министерот за инфраструктура, Белинда Балуку, рече дека Ер Албанија ќе го започне својот прв лет до крајот на овој месец. Компанијата ги исполни сите барања за тестирање, обука и лиценцирање, додаде Балуку.

Минатиот месец Министерството за инфраструктура потпиша финансиски договор со турската авиокомпанија и албанската компанија МДН Инвестмент за формирање на албански авиопревозник, рече премиерот Еди Рама.

Во септември албанската влада го одобри договорот за партнерство со Turkish Airlines, според кој давателот на услуги за воздухопловна навигација Алкконтрол и локалната компанија МДН Инвестмент ќе делат меѓусебен удел од 51%, додека "Туркиш ерлајнс" ќе го поседува остатокот.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа