Александар Камбовски е избран за прв човек на македонското судство
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2025
Александар Камбовски.е нов претседател на Судскиот совет, највисокиот судски орган, откако беше избран едногласно. Тој минатогодишниот јуни стана нов член на Судскиот совет, доаѓајќи од битолското апелационо подрачје.
„Уште еднаш сакам да ви се заблагодарам на укажаната доверба и искрено се надевам дека заеднички сите ќе ги посигнеме највисоките стандарди на професионализам највисоките стандарди на непристрасност, на зајакнување на темелите на правото, владеењето на правото, не се сомневам во тоа дека ќе успееме доколку сите работиме заедно и имаме иста цел и не води иста мисија, а тоа е да имаме здраво, транспарентно и независно судство кое што е потребно и на граѓаните и на нашата држава“, изјави новоизбраниот претседател.
За него гласаа сите 13 члена на советот со право на глас. Претседателката на Врховен суд и министерот за правда, кои се членови на советот без право на глас, не дојдоа на седницита.
Судскиот Совет денеска на седница избираше нов председател, откако сега веќе поранешна претседателска Весна Дамева во декамври даде неотповиклива остака, поради како што рече, политички притисоци.