05 Јануари, 2025
0.0293

„Државни патишта“: Утре свечено пуштање во употреба на патот Крива Паланка - Страцин

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие „Државни патишта“ известува дека од утре граѓаните ќе возат по новиот експресен пат Крива Паланка-Страцин со негово свечено пуштање во употреба.

„Изминатиот период ја забрзавме изградбата и работевме и дење и ноќе и во зимски услови и резулатот е нов, модерен и безбеден експресен пат во должина од 25,5 километри, со дозволена брзина од 110 км на час, пат кој е од големо значење не само за граѓаните од овој регион туку е значаен затоа што е дел од Коридорот 8 кој го поврзува истокот со западот на државата“, информира ЈПДП.
Вкупната инвестициона вредност на експресниот пат изнесува 102 милиони евра - средства обезбедени од Светска банка 88 милиони евра и дел наменски грант во висина од 14 милиони евра обезбедени од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан.

На експресниот пат има 3 клучки, исто толку и мостови, 13 вијадукти, 9 надпатници, 44 косини, 36 цевасти пропусти и 14 плочести пропусти. Тој е со ширина од 11,4 м, односно 12,5 метри.

„Оваа делница ќе овозможи развој на трговијата и економските стоки и услуги, ќе овозможи развој на туризмот во регионот, ќе овозможи побрз, побезбеден и сигурен проток на сообраќајот“, додаваат од јавното претпријатие.


Можеби ќе ве интересира

ОТКАКО УКРАИНА ГО ЗАПРЕ ТРАНЗИТОТ НА РУСКИОТ ГАС: Турција нуди енергетска поддршка на Европа

ОТКАКО УКРАИНА ГО ЗАПРЕ ТРАНЗИТОТ НА РУСКИОТ ГАС: Турција нуди енергетска поддршка на Европа

САД, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА: Кои десет земји складираа најмногу злато?

САД, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА: Кои десет земји складираа најмногу злато?

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕУ РАБОТАТ: Во некои земји од задоволство, во други поради потреба од финансии

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕУ РАБОТАТ: Во некои земји од задоволство, во други поради потреба од финансии

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС

КОЛКУ ЧИНИ СРЕЌАТА ВО ГЕРМАНИЈА? - според нова студија, еве колку треба да заработувате за да бидете среќни

КОЛКУ ЧИНИ СРЕЌАТА ВО ГЕРМАНИЈА? - според нова студија, еве колку треба да заработувате за да бидете среќни