16 Мај, 2024
0.0278

АЛИБАБА: Приказна за ентузијазмот и истрајноста на еден човек!

Објавено во: Стил 30 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

За успех е потребно да се биде истраен и да се има јасна визија пред себе. Тоа е нешто што може да го слушнете од успешните луѓе, па може да звучи како фраза-една од многубројните инспиративни пораки, вистинска како и се друго.

А како тоа изгледа на реален пример и што всушност подразбира, одлично ја илустрира приказната на основачот на Алибаба-една од најголемите кинески и светски компании.

Алибаба се занимава со е-трговија и моментално е една од најголемите компании од овој тип на светот. Оваа група соработува со поединци, но и со други комапнии, по пат на интернет сервис. Алибаба помеѓу останатото, нуди услуги на електронско плаќање, закуп на клауд простор и пребарувач за купување. Основачот на компанијата е Џек Ма. Тој по професија е предавач на англиски јазик без никакво претходно познавање на информациони технологии. Токму тој свој недостаток го претворил во визија и со 17 свои пријатели во 1999 година ја основа компанијата Алибаба.

Пред да се посветиме на несекојдневната приказна на Јек Ма, треба да имате на ум дека Алибаба моментално е поуспешна од гигантите како што е Ибеи и Амазон-заедно.

МОТИВАЦИЈА НА ЧОВЕК КОЈ ЗАРАБОТУВА 12 ДОЛАРИ МЕСЕЧНО

Џек Ма, основачот на Алибаба е еден од најбогатите луѓе во Кина. Пораснал во сиромаштија, два пати се обидел да се запише на факултет, безуспешно. Потоа го одбиле на десетина работи на кои конкурирал, а дури од трет пат со намера да се оствари како претприемач во тоа и успеал.

Без пари и без никакви врски кои би му го олесниле патот до бизнис резултатите, Ма се свртел кон образование. Откако се запишал на Угостителски факултет во Хангзхоу од трет обид да студира, дипломирал во 1988 година и почнал да конкурира на огласи. После бројни одбивања, почнал да работи како професор по англиски јазик на локалниот факултет, за плата од 12 долари месечно. И покрај тоа, Ма ја сакал својата работа и успеал да оствари добар контакт со своите ученици.

Првата средба со интернетот Ма ја имал во 1995 година , кога отпатувал во САД. Иако претходно без никакво познавање на компјутерските технологии и кодирања, започнал работа на предводење и и помагал на една кинеска фирма околу онлајн плаќањето. Првиот поим кој го пребарувал по пат на интернет бил зборот пиво и многу се изненадил кога во резултатот на пребарувањето видел еден кинески бренд на пиво. Тогаш донел одлука да основа интернет компанија во Кина.

„Никогаш, никогаш не се откажуваме“

Првите два обиди на основање на бизнис му пропаднале. Но, четири години подоцна, Ма собрал 17 пријатели во својот стан и ги убедил дека вложувањето во него и неговата визија на движење онлајн компанија под името „Алибаба“ е добра идеја. Идејата за нејзиното име Ма ја добил додека седел во еден кафе бар во Сан Франциско. „Алибаба и четириесетте разбојници“ му послужиле како инспирација така да ја нарече својата компанија која ќе открие потенцијал на мали и средни претпријатија не само во Кина, туку и на глобално ниво.

Сајтот кој го основал им дозволувал на продавницте да прават листа од расположливи производи кои купувачите би можеле директно да ги порачуваат. Не поминало многу време, а сајтот почнал да привлекува корисници ширум светот. До октомври 1999 година оваа компанија од Голдман Сачс собрала 5 милиони долари, а од Софт Банк, јапонска телекомуникациона компанија која инвестира во вакви фирми, 20 милиони долари. Меѓутоа, екипата зад Алибаба останала во подготвеност, водејќи се со паролата на својот лидер : „Ќе успееме затоа што сме млади и затоа што никогаш не се откажуваме“.

Мау на Алибаба му донела исклучително богатство, но тој им останал верен на хобијата кои ги имал и кога бил далеку помалку моќен. Неговите пријатели велат дека не се променил, и дека и понатаму ужива во читање и пишување кунг фу фикции, игра покер, медитира и вежба таи чаи. Исто така активно се залага за зачувување на животната средина.

ПЕТ СОВЕТИ ОД ЏЕК МА

Ма со јавноста ја сподели својата тајна на успех, која се состои од неколку совети, кои сосема сигурно сте ги слушнале, а оние во случај на овој човек не се само инспиративни пораки кои денес можете да ги пронајдете секаде:

-Мисли однапред- Ма вели дека не станал успешен затоа што денес работел добро, туку поради сонот од пред 15 години на кој му останал верен.

-Парите не носат среќа, туку одговорност-Ма смета дека е среќа да се имаат милион долари, но кога имате 10 милиони, тогаш парите ви носат главоболка. Кога имате повеќе од милијарда, тоа значи дека имате и одговорност-за довербата која луѓето ја имаат во вас, затоа што тие веруваат дека тие пари можете да ги потрошите попаметно отколку други луѓе.

-Очекувај го неочекуваното-Ма вели дека животот е како кутија чоколадо, цитирајќи еден од свиоите омилени филмови-Форест Гамп. „Никогаш не знаеш што ќе добиеш“, е продолжение на цитатот.

-Не ти требаат врски за да постигнеш успех- Ма немал богат татко или вујко, а Алибаба почнала со работа од неговиот стан во Хангзхоу. „Се што имаме се купувачите кои не поддржуваат“, наведува тој. Што е и повеќе од доволно.

-За да го промениш светот, вложувај во млади- Помогнете им на младите луѓе. Помогнете им на малите луѓе. Затоа што малите луѓе ќе станат големи. На младите луѓе ќе им посеете семе во умот и кога пораснат, тие се оние кои ќе го променат светот“, смета Џек.

-Можеби неговата најпозната забележана мисла е „Никогаш не се откажувај. Денес е тешко, утре може да биде уште потешко, но задутре ќе огрее сонце“.

Изгревањето на сонцето во случај на оваа компанија изгледа така што таа претставува водечка платформа за „business-to-business“ сервиси, а нејзините Taobaoo и TMall брендови се за директен контакт со купувачите. Алибаба работи во области на личните финансии, игри, видеа и други онлајн сервиси, а во 2015 година остварила продажба поголема за 40% во однос на претходната година.

 И.Р