06 Октомври, 2024
0.0264

„Алкалоид“ доби дозвола за пласман на над 30 лека на пазарите на ЗНД

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

„Алкалоид“ доби авторизација за пласман на над 30 свои лекови на пазарите во земјите-членки на Заедницата на независни држави (ЗНД), меѓу кои: Ерменија, Азербејџан, Грузија и Туркменистан, а во исто врмеме започна и повеќе проекти во Казакстан. Првите продажби во овие земји треба да започнат до крајот на тековната или на почетокот на следната година. Паралелно со европската експанзија, „Алкалоид“ работеше и на овој голем проект, чија главна цел беше пробивање на пазарите на ЗНД регионот. Концептот на овој проект, кој е сосема различен од европскиот, се темели на анализа на регионот како целина, но и детална анализа на сите пазари поединечно. ЗНД како регион кој глобално влегува во рамки на пазарите во развој, со себе носи многу специфики, особено во регулаторниот сегмент, каде критериумите за регистрација на лекови се движат од препознавање на Европската регулатива, до крајно специфични национални барања. „Алкалоид“ останува посветен на понатамошно ширење на своите операции во овој регион, за што веќе постои дефинирана стратегија, како проект за наредните години. Инаку, компанијата во рамките на тој регион е веќе присутна во Русија и Украина, каде има авторизации на околу 50 свои производи и активно врши продажби на овие пазари. Со ова Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на компанијата како главна стратешка определба.

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми