18 Јануари, 2025
0.0320

„Алкалоид“ успешно ги помина инспекциите од британската Агенција за лекови

Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Агенцијата за лекови од Велика Британија (MHRA), по извршената инспекција во погонот за производство на цврсти фармацевтски форми – таблети во профитниот центар Фармација, по вторпат го обнови сертификатот за сообразност со начелата на добрата производна пракса (GMP), дефинирани во директивите на Европската Унија. Истовремено MHRA издаде и нов сертификат за производство на цврсти желатински капсули, како и за погонот за производство на течни фармацевтски форми, за интерна и за екстерна употреба, за коишто Алкалоид АД – Скопје претходно се здоби со сертификати од Aгенцијата за лекови од Република Бугарија и од Јавната агенцијата за лекови и за медицински помагала од Република Словенија. Оваа GMP-инспекција и проверка на фармацевтскиот систем за квалитет од страна на MHRA се изврши по првпат на повеќе погони во исто време. Тоа претставува уште една потврда за највисоките европски стандарди што Алкалоид АД – Скопје ги применува во секојдневното работење, а тие претставуваат основа за стекнување и за одржување на авторизациите за пласман на своите производи во Европската Унија. Со ова Алкалоид АД – Скопје се потврдува како високопрофесионален производител на фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, сè со единствена цел – квалитетни, ефикасни и безбедни лекови.  

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение