Добивај вести на Viber
Цените на алкохолните пијалоци во месец септември, споредено со претходниот месец, се зголемиле за 0,1 отсто, покажуваат податоците на Заводот за статистика.
Индексот на цените на угостителските услуги, пак, во септември, споредено со август, останале на исто ниво.
Индексот на цените на угостителските услуги во септември оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,9 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- септември оваа година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,3 отсто, додека во однос на декември 2012 година е зголемен за 1,1 отсто.