Алпинистка и спасувач завршија во провалија во Австрија
Објавено во: Свет 05 Јуни, 2017
Една алпинистка загина и еден спасувач е тешко повреден на Алпите.
Нив им се скина сајлата со која требаше да се качат на спасувачкиот хеликоптер.
Спасувачот е во критична состојба.
Мажот и жената повикале спасувачка служба откако се нашле во тешка состојба кај Трофајах, во јужниот дел на Австрија.
Таму бил испратен хеликоптер од кој била спуштена спасувачката сајла, со цел да им помогне да се качат на леталото.
Но, кога лицата се закачиле на сајлата, таа се скинала и тие паднале од голема височина во провалија.