АМЕРИКАНСКА КОНГРЕСМЕНКА: По нападот во Сирија, светот е пред нуклеарна војна!
Објавено во: Свет 07 Април, 2017
Американската конгресменка Тулси Габард од Демократската партија вели дека по нападот во Сирија, можно е светот да се соочи со нуклеарна војна.
„Тоа е кратководина одлука. По ударот ќе има повеќе цивилни жртви, повеќе бегалци, ќе зајкане Ал Каеда и другите терористички организации. Дури може и да дојде до нуклеарна војна меѓу САД и Русија“ - вели таа.
Таа во јануари се сретнала со сирискиот претседател, Башар Асад за да договори решение за некои хуманитарни прашања, за прекин на огнот и мирно предавање на власта.
Таа поднела извештај за ова пред шефот во Белата куќа, но тој го занемарил.
Габард е лута од овој потег на претседателот Доналд Трамп, кој според неа сака да ја сруши власта во Сирија.