АМЕРИКАНСКИ МИНИСТЕР: Анектирањето на Канада е најдобриот начин за спојување на нашите економии

Објавено во: Свет 13 Март, 2025 18:59
Властите во САД уште говорат за спојување на Канада.
Mинистер за трговија на САД, Хауард Лутник изјави дека анексијата на Канада е „најдобар начин“ за спојување на економиите на двете држави.
„Најдобриот начин, претседателот тоа го кажа, најдобриот начин всушност да се здружат економиите на Канада и Соединетите Држави е Канада да стане нашата 51-ва држава“, вели Лутник за „Варни и Ко“ на Fox Business Network.
Пред два дена, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе ги зголеми планираните тарифи за челик и алуминиум против Канада поради дополнителен надомест за електрична енергија од владата на Онтарио.
Премиерот на Онтарио, Даг Форд, подоцна во вторникот изјави дека нема да продолжи со дополнителната компензација откако САД понудија да се сретнат со Лутник.
Трамп претходно предложи Канада да „стане 51-та држава“, но Марк Карни, идниот премиер на северниот сосед на САД, во неделата изјави дека „Канада никогаш нема да биде дел од Америка на кој било начин, облик или форма“.
Американскиот претседател се надева дека спојување со Гренланд ќе се случи.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) РУСИТЕ ГИ ПРОТЕРАА УКРАИНЦИТЕ: Суџа е уништена

(ВИДЕО) ШТО Е СО ОВИЕ ЧОРАПИ: Трамп му се смееше на Џеј Ди Венс

СЕ РАБОТИ ЗА 2.000 КИЛОМЕТРИ: Путин има дилеми кој и како ќе го контролира примирјето

РУСИЈА Е СКЕПТИЧНА: Дали примирје за нив е прифатливо?

(ВИДЕО) ИТАЛИЈАНЦИТЕ НОЌТА ЈА ПОМИНАА НА УЛИЦИТЕ И ВО АВТОМОБИЛИТЕ: Земјотрес го погоди Неапол

РУСИЈА ЈА ПОДНЕСЕ ЛИСТАТА НА БАРАЊА ДО АМЕРИКА! Шефот на Белата куќа испрати пратеник кај Путин

ТЕШКО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА СИТЕ ДРУГИ: Американската војска ги покажа борбените авиони на иднината

ПУТИН ГО ПОСЕТИ КУРСК: Заробените украински војници ќе бидат третирани како терористи

TРАМП ГО СМЕНИ СТАВОТ: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа
