18 Мај, 2024
0.0343

Американските берзи го почнуваат април со загуби

Објавено во: Економија 02 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Слабите податоци за индустриското производство и помалиот број на нови работни места ги разочараа инвеститорите

Главните индекси на берзите во САД ја завршија првата сесија за април со загуби. Притисокот врз трговијата покажа негативни податоци за развојот на економијата во март.

Статистиката покажа дека продолжува намалувањето на индустриското производство во земјата. За прв пат од десет месеци наваму трудот на пазарот во САД е помалку од 200 илјади работни места, покажа извештајот на „ADP“.

Во петокот се очекува и официјалниот извештај на трудовото Министерство за стапката на невработеност во САД.

На позадината на овие податоци „Dow Jones“ загуби речиси 80 поени од својата вредност, што претставува намалување од 0,44% до ниво од 17 698,18 поени. „S & P“ 500 забележа пад од 0,4% до ниво од 2 059,69 поени.

Технолошкиот репер „Nasdaq“ ја намалува својата вредност со 0,42% до 4 880,23 поени.

Ситуацијата во автомобилскиот сектор исто така им пречи на инвеститорите. Водечките американски компании соопштија за падот на продажбата во март. За „Ford“ намалувањето е во рамките на 3,4% на годишна основа и во резултат акциите на компанијата поевтинија за 1,5% до цена од 15,90 долари за готово.

Акциите на „General Motors“ пак загубија кон 2% од својата вредност и трговијата се одржуваше под цена 38,68 долари за готово. Компанијата забележа пад на продажбата во март во износ од 2,4 отсто. Во исто време еден од главните конкуренти - јапонската „Toyota“, соопшти за малку подобра од очекуванота продажба - во износ од 4,9%.

И покрај падовите кај водечките производители во март во САД се продадени 17 милиони нови возила. Главно раст бележат јапонските производители. Најсериозен е тој кај „Honda“ - со речиси 12% во однос на минатиот март.

Цената на нафтата продолжува да расте. Суровата нафта ја затвори трговијата по цена од малку над 50 долари за барел, што претставува раст од 2,50 долари (5,2%). Европскиот „Brent“ се тргуваше за 57 долари за барел или зголемување од 2 долари.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа