24 Април, 2024
0.0268

Amsterdam Dance Event 2018

Објавено во: Стил 15 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Еден од најдобрите параметри за да се измери големината и популарноста на EDM сцената, е преку масовноста и обемот на настаните кои се организираат, на кој се пуштаат разни правци на електронска музика. На сите добро ни се познати местата од типот на Ибица како летна дестинација на која се собираат илјадници луѓе, љубители на техно музика. Во нашата околина познати се островот Миконос, плажата Зрче која се наоѓа на островот Паг и други пред се летни локации. Меѓутоа техно музиката иако за најголемиот број луѓе е симбол за забави на плажа, претежно во летниот период, сепак и по завршување на летната сезона, “open air” (забави на отворено) се селат на копно на доста атрактивни и интересни лоакции. Неретко наречената “клубска” музика се појавила во т.н. клубови каде се собирала помала група на луѓе. Местото кое го превзема приматот по завршување на т.н. летна сезона на EDM сцената и која е најава за почеток на “in door” (забави во затворен простор) забавите, е секако Амстердам, преку најголемиот настан за техно музика на затворено Amsterdam Dance Event.


Оваа година во период од 17-ти до 21-ви Октомври по дваесет и четврти пат ќе се одржи Amsterdam Dance Event. Од година во година овој настан зема се поголем замав и успева да обедини три концепти: музика, бизнис и едукативно конференциски концепт. Програмата за фестивалот е комплетирана пред 3 недели и оваа година на фестивалот ќе настапат преку 2.500 DJ-и, на  конференцискиот дел учество ќе земат над 550 говорници и се тоа ќе биде распространето по целата територија на градот Амстердам во преку 160 клубови, кафичи, места за одржување настани и голем број импровизирани објекти, кои ќе бидат подигнати само за потребите на Amsterdam Dance Event.

Меѓу најпознатите имиња кои ќе настапат се : Martin GarrixDavid GuettaBonobo, Hardwell, Axvel ^ Ingrosso, Solomun и многу друѓи. Во минатите години шанса да настапуваат на ADE имале и некои македонски DJ-и.

Во рамките на Amsterdam Dance Event се одржува и Amsterdam Music Festival на кој познатиот магазин за елетронска музика DJ Mag ги избира најдобрите 100 DJ-и за годината. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган