АНА БРНАБИЌ ЗА НАЈАВАТА ЗА ЗАБРАНАТА ЗА УВОЗ НА РУСКА НАФТА: „Ќе мораме малку поинаку да се позиционираме“
Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2022 10:35
Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека најавата од Европската
унија дека Србија не е изземена од осмиот пакет санкции против Русија поради
нејзината агресија врз Украина, односно дека не е изземена од одлуката за
забрана за увоз на руска нафта, „практично значи санкции против Србија“.
Брнабиќ за телевизијата Прва изјави дека „ако тоа се случи, сигурно ќе има сериозни последици за српската економија“ и дека „релативно добра вест е што конечната одлука е одложена за 1 декември.“ Ќе има многу потешки дискусии. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утре на прес-конференција ќе соопшти некои стратешки одлуки“, рече Брнабиќ.
Таа рече дека одлуката за забрана на увоз на руска нафта, која ја иницираше Хрватска, „е очигледно отворен чин на непријателство кон Србија и дека тие се подготвени да искористат сè против Србија, вклучително и енергетската криза“.
Ќе мораме малку поинаку да се позиционираме“, изјави Брнабиќ.
На прашањето дали Србија може без увоз на руска нафта, Брнабиќ одговори:
„Можеме целосно без руска нафта“, но купувањето од други извори на снабдување би било поскапо.
ФОТО: EPA/Rafal GuzМожеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




