09 Октомври, 2024
0.0278

АНА ЈОВКОВСКА ГИ ОСЛОБОДИ ЕМОЦИИТЕ: Еве мамо, сега ги имаш и двете чеда

Објавено во: Стил 13 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Можеби најмногу треба да му се заблагодарам на чудото од живот кој некако ги нареди сите коцки да се случи ова книжевно дело, рече познатата новинарка, авторка и активистка на синоќешната промоција на нејзината втора книга „Ехо на слободата“

Наместо да родиш дете ти книга ќе издаваш, ми рече мајка ми пред три години кога одлучив да го промовирам моето прво книжевно дело „Пулсот и времето“. Еве мамо, сега ги имаш и двете чеда. Едното дома спие, а другото од утре ќе спие по книжарниците, се пошегува Ана Јовковска пред присутните во клуб-ресторанот МКЦ кои синоќа во голем број дојдоа да ѝ го честитаат новото „чедо“, збирката дијалози „Ехо на слободата“. Познатата новинарка, авторка и активистка, но и мајка на 17 месечно бебе, освен до семејството,благодарноступати и до Министерството за култура кој финансиски го поддржа овој проект, до уметникот Ване Костуранов кој е автор на дизајнот на корицата, до нејзиното ново книжевно семејство (издавачкиот центар ТРИ), но и до почитувачите на нејзиниот ракопис, нејзината верна публика која, како што рече, ѝ дозволува да лета или да мисли дека лета надмедиокритетскотои над прозаичното секојдневие кое немилосрдно нèшамараод сите страни во општеството.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, тука.