23 Ноември, 2024
0.0621

ИНТЕРВЈУ БРАНКО АЗЕСКИ: Крајно време е јавниот и приватниот сектор да сфатат дека исполнувањето на финансиските обврски е алфа и омега за современиот бизнис

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Кога пред повеќе од 100 дена се собраа клучните бизнисмени во земјава да ги слушнат идеите на премиерот Христијан Мицкоски во Стопанската комора на Северна Македонија, најмоќната и најрепрезентативна стопанска асоцијација во државава, беа кажани убави зборови и дадени силни ветувања и сугестии и од двете страни, а сѐ со една највисока цел, како да им се олесни работењето и да се подобри деловната клима на компаниите, да се забрза економскиот развој и да се постигне повисок животен стандард на граѓаните. Колку од сето ова се реализираше, дали и каде најмногу се затаи, каде треба ургентно да се реагира, а каде можеби да се изменат одредени политики, Фактор екслузивно разговараше со првиот човек на СКСМ, Бранко Азески. Претседателот на комората, како и секогаш во негов стил, директно ги лоцира насоките по кои треба да се оди, и како најдобро да се дејствува за бизнисот да може уште поуспешно да работи, што, пак, е клучниот рецепт и за силна држава, и за задоволни граѓани. Прочитајте...

Новата влада на премиерот Христијан Мицкоски деновиве одбележува 100 дена откако беше изгласана од народните избраници. Непосредно по изборот премиерот Ве посети во Комората, во присуство на речиси сите компании членки, меѓу кои и најголемите и најуспешните. Како бизнис му изразивте голема доверба и му ги испорачавте клучните проблеми. Колку сте задоволни по 100 дена од направеното на новата власт? Дали таа ги исполни Вашите очекувања и кои беа најголемите придобивки, но и пропусти?

Азески: Сто дена се релативно краток период за да се очекуваат големи резултати, особено не за работата на нова влада пред која стојат огромни предизвици. Сепак, можам да истакнам три важни аспекти. Прво, Комората има огромно искуство во соработката со претставниците на јавниот сектор; второ, сегашниот премиер има голем број пријатели од бизнисот, одлични релации со Комората и е првиот политички лидер што ги поддржа нашите барања содржани во Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки, издадена по повод 100-годишнината на Комората, во делот на нашите клучни определби – зголемување на извозот, продуктивноста и на иновативноста – и, трето, немаме повеќе маневарски простор за неприменување на договореното.
Сето тоа е гаранција дека во наредниот период ќе видиме и нови предлози и имплементација на претходно договорените мерки.

Што им недостига најмногу на вашите компании членки во моментов? Која е онаа алка од деловната клима која е најслаба и која мора итно да се подобрува?

Азески: Јас лично не мислам дека може да се издвои само едно нешто како проблем. Ќе објаснам на што мислам. На нашите членки им недостигаат предвидливост во регулативите и пофлексибилна даночна политика, која би поттикнала инвестиции. Енергетската нестабилност и недостигот од квалификувана работна сила остануваат големи предизвици. Недостигот од соодветна инфраструктура е, исто така, слаба алка, која мора итно да се подобри. Дополнително, мора да се стави акцент врз дигитализацијата и врз модернизацијата на административните процеси, бидејќи компаниите трошат премногу време и ресурси на бирократски процедури, кои не само што ја забавуваат нивната работа туку и ги прават помалку конкурентни на глобалниот пазар. Јасно е дека ако сакаме да постигнеме стабилен економски раст и да ги поттикнеме инвестициите, мора итно да се работи на подобрување на деловната клима преку побрзи реформи, поголема предвидливост, модернизација на процесите и преку фокус на реалните потреби на бизнисите. И, на крајот, потребна ни е примена, примена и примена. Само така ќе можеме да ги задржиме нашите компании конкурентни и подготвени за глобалните предизвици.

Новата власт уште во првите два месеца се пофали со подобра наплата на даноци, царини, патарини... Дали таа зголемена дисциплина во наплатата на обврските, што, секако, е позитивна за државата, не доведе до своевидна „репресија“ врз бизнисот? Дали има некои такви поплаки?

Азески: Крајно време е јавниот и приватниот сектор да сфатат дека исполнувањето на финансиските обврски е алфа и омега за современиот бизнис. Доста беше величање на „марифетлуците“ дека може да се успее во бизнисот со неплаќање или со задржување средства на таа основа. Бизнисот бара коректни, нормални релации во меѓусебните финансиски обврски затоа што фокусот на неговите активности треба да е врз зголемување на квалитетот, што поголема иновативност и врз конкурентски натпревар на пазарот.

Во март минатата година се формираше Националниот совет за извоз, чиј претседател сте Вие, а во него членуваат и државни институции како на пример Министерството за економија и Министерството за надворешни работи. Кога се конституираше Советот, вие како Стопанска комора многу прецизно ги лоциравте слабите извозни квалитети на државава и советувавте како може да помогне таа. Колку претходната, а колку новата власт се доволно ангажирани на темата јакнење на извозните капацитети во земјава и што треба, всушност, итно да се направи, но и во блиска иднина?

Азески: Извозот е клучната област каде што е потребна поголема ангажираност. Кога го формиравме Советот, направивме детална анализа на слабостите и дадовме препораки како може да помогне државата. Ќе кажам неколку бројки за да објаснам зошто е важен Националниот совет за извоз. Од 3.500 извозни компании, само 450 достигнуваат извоз над 1 милион долари. Дури 95 отсто од извозот е на 25 пазари, а само 370 производи се извезуваат со вредност над 1 милион долари. Овие бројки покажуваат дека постои потреба од диверзификација на пазарите и на производите за да се зголеми извозната конкурентност на земјата.

Претходната власт направи одредени чекори, но тие беа бавни и нецелосни. Потребни се поагресивни политики за поддршка на извозниците, како на пример, олеснување на административните процедури и фокусирани субвенции за извозни активности. Исто така, потребна е и поголема промоција на македонските производи на странските пазари. Преку нашите компании членки често и самиот сум увидел како се соочуваат со недоволна поддршка при пробивање на нови пазари, па затоа е неопходно државата да има поорганизиран пристап кон интернационализацијата на нашите производи и услуги.

Мора да се фокусираме на нови пазари, особено на оние каде што има потенцијал за зголемена побарувачка за македонските производи, како на пример Блискиот Исток и Африка, но и да го зајакнеме присуството во Европската Унија. Неопходно е да се создадат услови за лесен пристап до тие пазари преку билатерални трговски договори и преку олеснување на царинските бариери. Ако сакаме да бидеме успешни, мора да бидеме брзи и конкурентни, а за тоа ни треба целосна мобилизација на сите засегнати страни: власта, бизнис-секторот и институциите.

Господине Азески, клучната цел на економскиот развој и на обидите за зголемување на стапката на домашниот бруто-производ е подобрување на животниот стандард на населението. Без да употребуваме силни бројки, би кажале дека ние како Македонци се задржавме на околу една третина од просечниот животен стандард на Европејците. Дали и кога мислите дека тоа може да се смени? Што ни недостига?

АзескиПодобрувањето на животниот стандард е долгорочен процес кој бара силен економски раст и намалување на социјалната нееднаквост. Сметам дека Македонија има потенцијал да го зголеми стандардот на своите граѓани, но тоа ќе се случи само преку поттикнување иновации, подобрување на продуктивноста и преку поддршка на домашното претприемништво. Клучот е во креативни економски реформи и во подобрување на образованието и на квалификациите на работната сила.

Инфлацијата во последниве две години беше рак-рана за македонските граѓани. Новата влада донесе мерки, а започна со примена и новиот Закон за нефер трговски практики. Какви се вашите оценки за Законот и колку ќе помогне тој за стабилизирање на цените?

АзескиОколу Законот за нефер трговски практики се водеше интензивна расправа. Мојата проценка е дека дел од проблемите ќе бидат разрешени, а дел ќе останат. Сепак, ќе биде потребно време за да се видат вистинските ефекти од неговата примена. Ние како Комора ќе предложиме за системските закони на шест месеци да има задолжителна анализа на примената. На тој начин ќе може да се коригираат недостатоците. Владата треба внимателно да го следи спроведувањето на Законот и да реагира соодветно доколку има потреба од дополнителни мерки. Ние, исто така, будно ќе ја следиме состојбата.

Бизнисот долго се жалеше на недостиг од работна сила, па се направија промени за олеснување на увозот на работници од странство. Колку им помогна тоа на домашните компании, дали сте задоволни од странските работници и зошто се појавија повеќе случаи на нивно бегање од земјава?

АзескиОлеснувањето на увозот на странски работници беше неопходна мерка поради недостигот од работна сила. И тој проблем сега го решаваме на мускули, а ќе биде уште потешко. Често сум зборувал на оваа тема бидејќи недостигот од квалификувана работна сила е еден од најголемите предизвици за македонската економија. Странските работници помогнаа да се пополнат одредени празнини, но тоа е само привремено. Ако ги погледнете податоците на Агенцијата за вработување, ние сè уште имаме 100 илјади невработени во државава. Сепак, проблемот не е само во бројките – се работи за несоодветна квалификација и за неусогласување меѓу понудата на работна сила и потребите на пазарот на трудот. Компаниите бараат специфични вештини и профили кои сè потешко се наоѓаат на домашниот пазар, додека, пак, многу од невработените не се квалификувани за овие позиции. За да го решиме овој проблем на долгорочен план, мораме да го задржиме нашиот млад кадар во земјава и да го поттикнеме да избере професии кои се барани.Треба да се инвестира во образование и во обука на локалната работна сила, да се креираат услови кои ќе ги мотивираат младите да останат во земјава, а истовремено да работиме на подобрување на продуктивноста и на квалитетот на работните места и на животниот стандард. Ако не преземеме системски мерки во таа насока, ризикуваме да се соочиме со уште поголем недостиг од работна сила во иднина.

Неодамна излезе веста дека бизнисот и новата власт разговарале за укинување на неработната недела. Зошто таа им пречи на компаниите кога по сè изгледа дека се најде модел како да бидат задоволни и работниците и газдите? Зошто би се укинала една ваква придобивка за работничката класа?

АзескиОвој закон е вистински пример за она што го баравме како најголема бизнис-асоцијација – континуирана шестмесечна анализа на примената. Овде, на пример, имаше одредени решенија кои изгледаа нелогично, а праксата покажа дека се оправдани, па затоа ја повикуваме Владата да го поддржи нашиот предлог за континуирано следење на нивната примена. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи