26 Април, 2024
0.0274

Ѕанакопулос: Нема отстапки од ерга омнес и уставна ревизија

Објавено во: Балкан 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос уште еднаш го потврди ставот на Владата на премиерот Ципрас дека Грција не ги менува своите цврсто поставени позиции при кои од нас бара да прифатиме решение „ерга омнес“ што значи за севкупна, домашна и надворешна употреба на името кое ќе биде договорено, како и промена на делови од Уставот согласно одредбите од можниот договор меѓу Македонија и Грција.

„Се надевам дека нашите соседи ќе продолжат да преговараат со добра волја за да најдеме заемно прифатен договор, вели портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Blue sky“, јави допсникот на МИА од Атина.

– Она што е вклучено во конкретниот текст е договор што се базира на општата позиција на грчката влада: сложено име, што важи за сите и за севкупна употреба. Што значи за сите? Во секој случај, потребна е уставна ревизија, значи дека ова име ќе треба да се користи и во внатрешноста на соседната земја. Според тоа, очигледно е дека се поставува темата и за уставна ревизија, вели Ѕанакопулос и додава дека решението треба да се движи токму во оваа рамка.

На прашањето дали евентуалниот договор би бил пакет решение или проблемот би се решавал на делови, портпаролот на грчката влада, објаснува дека „кога говориме за меѓународни прашања, што се доста сложени и се однесуваат и на внатрешни административни процедури потребно е време“, а самите меѓународни договори „ги обврзуваат страните и треба да има имплементација, бидејќи во спротивно имаа прекршување на меѓународното право“.

– Во вакви меѓународни прашања, секогаш постои договор за решение кое предвидува конкретен временски рок за да се направат сите неопходни административни процедури, штом претходно се договорат основните услови, брз база на кои може да одиме напред, објасни портпаролот на грчката влада.

Димитрис Ѕанакопулос, во интервјуто го повтори она што го има споменато и шефот на грчката дипломатија, дека Грција не е под притисоци и не постои временски рок за решение.


Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)