19 Мај, 2024
0.0249

АНАЛИЗА: Бизнисот бара поддршка за производството, банките очекуваат побарувачка за кредити!

Објавено во: Економија 16 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Се ситни и третиот економски квартал од оваа 2014-та година. Народната банка оцени дека се очекува задржување на макроекономската стабилност, банкарите очекуваат зголемена понуда и побарувачка за кредити, а бизнисмените, во зависност од секторите, со поделени мислења за тоа како ќе заврши второто економско полугодие. Во предворје на најавениот ребаланс на буџетот, Владата за да го одржи проектираниот буџетски дефицит од 3,5% од БДП, ќе мора да крати од одредени трошења. Дали ќе бидат на удар капиталните расходи, кои се посочуваат како фактор за економски раст, наскоро ќе се знае. Зголемување на понудата и на побарувачката на кредити Во јули забави кредитната активност на месечно ниво, односно за разлика од претходните два месеци, во јули е регистрирано намалување на кредитирањето. Анкетата за кредитната активност што ја спроведе Народната банка покажала дека во третиот квартал, кој веќе се ситни, банкарите очекуваат зголемена понуда и побарувачка на кредити.
Кредитните текови се нешто подобри од очекуваното во рамки на последните проекции, додека динамиката на раст на депозитната база е умерена и нешто послаба од очекувањата. Овие констатации се задржуваат и со прелиминарните монетарни податоци за јули, коишто сепак укажуваат на одредено забавување на месечниот раст на кредитите во однос на претходните два месеца. Во рамки на Анкетата за кредитната активност, спроведена во јули, банките имаат поволни очекувања за третото тримесечје, оценувајќи зголемување и на понудата и на побарувачката на кредити“, оценија од Народната банка со образложение дека ваквите движења на кредитниот пазар даваат сигнал за постабилни очекувања и преносни ефекти на досегашното монетарно олабавување врз кредитната активност.
Дел од бизнис заедницата оценува дека пристапот до свежи пари под поволни услови е значаен за приватниот сектор од кој се очекува да испорача економски раст.
Генерално, ако се погледне во извозната структура како и во секторите на кои се потпира растот на БДП, потребно е во следниот период да се даде поголем приоритет во поттикнување на домашните компании да инвестираат во прозводствени капацитети. Добро е што државата договори со Европската инвестициона банка кредитна линија за подршка посебно на мали и средни претпријатија преку Македонската банка за подршка на развојот“, изјави за “Фактор“ Јелисавета Георгиевска, од Стопанска Комора.
Според неа, носител на економскиот раст треба да биде приватниот сектор.
Иднината на македонската економија треба да се гледа во развој на приватниот сектор во услови на здрава конкуренција. За тоа клучни фактори се раст на производните инвестициии и раст на извозот. Порастот на инвестициите и зголемувањето на конкурентноста на земјата бара функционален систем на различни институции и донесување одлуки и бенефиции во контекст на одредени фактори кои влијаат на продуктивноста на економијата и општеството како целина“, смета Георгиевска
Неодамна на располагање на компаниите е уште една транша од кредитната линија на ЕИБ, но тука е и новиот заем од Светска Банка во вредност од 36,4 милиони евра наменет за поддршка на развојни политики за конкурентност. И покрај очекувањата за раст на кредитирањето на приватниот сектор и со комерцијални кредити од деловните банки, НБРМ предупредува на ризици.
Сепак, во услови на неизвесен амбиент, и натаму се присутни надолните ризици околу кредитирањето на приватниот сектор, иако со последните остварувања, се помалку нагласени“, констатираат од НБРМ.
Текстилците на удар на “кинеска“ конкуренција Не само пристапот до свежи пари, туку и рамноправниот третман на домашните и странските компании се еден од факторите што значајно ќе влијаат на кондицијата на приватниот сектор, оценуваат дел од стопанствениците. Според анализите на текстилците, токму овој сектор ќе биде изложен на посериозни ризици.
„Во следниот период конкуренцијата во текстилната индустрија ќе биде уште поголема. Текстилното производство се врака во Србија, но и Албанија со големи чекори се движи во овој прсвец. Соседна Бугарија исто така. Перспективите за домашните текстилни компании не се многу оптимистички. Квалитетот веке не е тема, односно адут кој дава предност бидејќи тој се подразбира. Сега конкрентноста е во цени, брзина на изработка и испорака а во тој дел, ние како економија, односно како сектор, стануваме се понеконкурентни. Потребни се мерки доколку сакаме оваа домашна индустриска гранка да опстои. Не треба да го заборавиме и увозот од Турција и Кина“, изјави за “Фактор“ Маријана Перковска од Текстилниот кластер.
Неодамна Владата ја најави мега инвестицијата на кинеската текстилна компанија “Веибо“. Се проценува на 400 милиони долари, а треба да обезбеди 5 000 работни места. Според оценките на Владата токму оваа инвестиција не само што ќе има позитивен ефект за текстилниот бизнис, туку и бенефит за вкупната економија, преку отворање на илјадници работни места и учество во извозот. Домашните бизнисмени очекуваат конкурентска битка но ја отвораат дилемата дали станува збор за рамноправен третман со странскиот капитал.
Сега има најава дека во текстилниот бизнис ќе инвестираат кинески компании, претходно беа турски, па оттука се поставуваат серија на прашања : Дали сме ние поевтини од Кина? Дали странските компании ќе ја развиваат нашата економија? Каде е тука интересот на домашната текстилна индустрија ? Дали оваа гранка со странските инвестиции ќе го смени досегашниот наметнат имиџ на "експлоататорска" индустрија? И конечно, дали странските инвеститори ќе го полнат повеке буџетот од домашните фирми, во секој поглед ? Ние како кластер бараме поголема подршка за домашните компании со цел зголемување на нивната конкурентност“, смета Перковска.
Според анализите на Народната банка, на домашен терен, генерално има услови за натамошно закрепнување на економијата, но сепак, ризиците за остварување на оптимистичкото сценарио и натаму ќе доаѓаат од Европа.
Како и досега, ризиците за основното макроекономско сценарио главно се од надворешна природа и се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст и растот на светските цени на енергијата и храната. Како фактор на ризик остануваат ефектите од случувањата поврзани со конфликтот во Украина, поплавите во регионот, како и случувањата во Ирак. Ризиците од овие случувања може да се остварат преку нестабилност и тешка предвидливост на цените на енергентите и на житните производи, а воедно може да влијаат и врз очекуваното економско закрепнување“, констатира Народната банка.
Од таму посочуваат дека ќе продолжат внимателно да ги следат идните макроекономски движења и евентуалното остварување на ризиците и соодветно на тоа, ќе ја приспособуваат монетарната политика. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа