25 Ноември, 2024
0.0425

Анализа: Дали и кој ќе ја плати политичката цена за КОВИД-19 кризата?

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Во медиумската кампања која веќе започна, видливо е присуството на новите услови кои ги наметна КОВИД-19 пандемијата иако партиите сакаат барем засега на почеток на претставувањето пред гласачите оваа тема да не им биде во фокусот. Политичари со маски на средби со граѓани, физичка дистанца на првите партиски обраќања на кои се претставија кандидатите за пратеници. 

Тука се наметнува прашањето дали тешката состојба со бројот на заразени досега, како и за жал многуте починати граѓани од последици на корона вирусот, треба да понесе и политичка одговорност и кој треба да ја плати истата. 

Опозицијата, разбирливо ја напаѓа власта дека лошо се справила со пандемијата, дека носела политикантски одлуки и калкулирала со мерките во пресрет на изборите. 

Власта, или барем оној дел од Владата за кој е задолжен СДСМ го врати наративот дека нивниот опоненет е заглавен во минатото, се уште е во сенка на „режимското“ владеење на Никола Груевски и дека освен страв, притисоци и закани нема што друго да понуди. Исто така критичарите на ВМРО-ДПМНЕ посочија дека тие постапувале несериозно, дека ги поткопувале напорите на институциите, а прстот го вперија во Наќе Чулев министерот за внатрени работи, но и неодговорното поведение на највисоки функционери на „Белата палата“.

За жал, со 2000 заболени некаде на крајот на април мислевме дека здравствената криза е најголема, но пo опуштањето на политичарите се покажа дека влошувањето е неизбежно. Сега бројот на заболени изнесува над 5000 со тенденции истиот постојано да се зголемува. Токму за неспроведување на сите мерки на целата територија на земјата, опуштањето кое се случи по најавата дека избори мора да се одржат и политичката криза која го оттргна вниманието од справување со пандемијата, се доволни причини за понесување политичка одговорност според професорот Жидас Дакаловски. Факт е дека партии создадоа мини политичка криза со натегања и меѓусебните обвинувања, за на крај да се договорат изборите да се одржат на 15 јули. 

„Управувањето со тешката криза во здравството и економијата предизвикана од КОВИД-19 е на глава на власта која е катастрофално неспособна и е опасна по животите на сите граѓани, меѓудругото и со инсистирањето на брзи избори на 21 јуни, 5 или 8 јули. Нити битката е добиена нити се влечеа нити се влечат правилни потези во оваа здравствена криза. Политичка одговорност за актуелната состојба треба да ја понесе власта“ смета Даскаловски.


Сега партиите се веќе длабоко навлезени во кампања, што дополнително ја отежнува консолидацијата на институциите. Техничката Влада ги покажа сите свои слабости и нејзиното долго опстојување придонесе за неконструктивност. 

Неодамна се покажа дека македонските граѓани се повеќе немаат доверба во институциите, ниту во извршната власт, ниту имаат доверба во обвинителството, судовите, Собранието, а пак најмногу им веруваат на верските заедници. Можеби и ваквата недоверба во државните институции придонесе граѓаните да не ги почитуваат мерките за справување со корона вирусот, што беше видливо за големите верски празници, но и потоа кога се префрлаше сопствената одговорност за тоа кој се треба да биде казнет. 

„Одговорноста за неспроведување на законите и јавните политики е во тие што управуваат. Власта влечеше катастрофални потези од самиот почеток на кризата со КОВИД-19, ако се сеќавате првото нарушување на полициски час на јавно лице беше од градоначалник на СДСМ во Синѓелиќ, во Гази Баба. И не само во кризава, сеопфатно е непочитувањето на законите и Уставот од владеачката коалиција“ оценува Даскаловски.

Неколку теми ќе бидат клучни во претстојните денови кога ќе започнат и медиумските соочувања на претендентите за освојување на пратенички места и формирање на идната влада. Одговорноста за начинот на кој се справуваме со оваа пандемија ќе биде една од жешките теми за кои партиите ќе се обидат да добијат глас повеќе. Оваа криза мора да се признае е многу тешка и во понапредни земји, со поизградени демократски институции и со поголема доверба на граѓаните во препораките и меркие за заштита. 

Политички „имунитет“ од корона вирусот може да биде клучен и за победа на следните избори иако длабоката поделеност на општеството и поларизираноста по сите можни теми и прашања фрла сомнеж дека само една тема може да биде пресудна на 15 јули. 

Х.С.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче