АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2024
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Швајцарија порача дека без Албанците, Северна Македонија нема иднина.
„Мицкоски не може да формира влада без легитимитет од Албанците, затоа што ние освоивме над 60 отсто од гласовите на албанскиот електорат“, изјави Ахмети.
Тој ја критикуваше политиката на ВМРО-ДПМНЕ како националистичка и штетна за двете најголеми заедници во државата.
Претседателот на ДУИ предупреди и за опасноста од руското влијание во Македонија.Вели дека единствена алтернатива за Македонија е евроатлантскиот пат и силното партнерство со САД.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.