Андонов: Kриминална или криминално политичка пресметка полицијата ќе истражува
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2016 17:52
Заменик министерот за внатрешни работи, Оливер Андонов денеска од Битола за уличната престрелка во Ѓорѓе Петров рече дека лицето е познато на полицијата по неговите криминални активности.
Вели дека првичните сознанија кои ги има полицијата насочуваат кон тоа дека се работи за некаква пресметка.
„Дали тоа ќе биде чисто криминална или криминално политичка пресметка со оглед на профилот на лицето кое учествувало во неа, допрва полицијата ќе истражува. Врз лицето е извршен оперативен зафат, се надеваме дека ќе преживее , па по неговото враќање во контактибилна состојба веројатно ќе можеме да добиеме и повеќе конкретни податоци за тоа што се случува“ - изјави Андонов.
Сообраќајната несреќа се случила 10 минути по полноќ на булеварот „Партизански одреди“ кај поликлиниката „Букурешт“, во која се превртил автомобил „голф“, а од него било извлечено лице рането со огнено оружје. Четириесет и пет годишниот Д.Т. бил однесен во болница со три прострелни рани. Тој изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонска жардиниера, по што возилото се превртело.
Андонов изрази загриженост дека за време на изборите можно е да има инциденти.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




