09 Октомври, 2024
0.0261

АНДРИЈАНА ЈАНЕВСКА: Парите никогаш нема да не гушнат како семејството

Објавено во: Стил 14 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Сите имаме многу обврски, растрчани сме на сите страни, но да не забораваме една многу важна работа: колку и да ги гушкаме парите, тие никогаш нема да не гушнат нас! Затоа, кај мене на пиедесталот секогаш е семејството! Во неделите честопати Гино прави скара во двор, или одиме во викендичката во Бродец на Скопска Црна Гора. Сакам што почесто да поминуваме време во природа, затоа што единствено преку соединување со природата човекот станува смирен, спокоен и разумен.

Таа е виолинист во МОБ и доцент професор по солфеж и соло пеење на катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност. Дома е сопруга на Гино и мајка на Димитар и на Кристијан. Познатата пејачка, инструменталист и професор Андријана Јаневска е позната по тоа што успева да постигне се. И ангажманите на двете работни места, и обврските околу децата кои за неа се најголемо уживање, и средувањето на дворот во нивниот семеен дом во Бардовци кој вели дека не би го менувала за ниту една градска локација.

Прочитајте ја целата приказна на Женски магазин овде.