20 Декември, 2025
0.0661

Анета Арнаудовска: Во Македонија има независно судство

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2013 10:30

Добивај вести на Viber

Во Македонија има независно судство како резултат на реформите што земјата ги презема за негово унапредување, смета директорката на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија Анета Арнаудовска. Во моментов е во Вашингтон, кеде зема учество на меѓународна конференција за судска обука чиј домаќин е националниот центар на државни судови на САД, а поканети се 270 учесници од 70 држави во светот. „Ние ги имаме имплементирано сите меѓународни стандарди: сопствено тело што ги избира и разрешува судиите – значи не Собранието и Владата, потоа Академијата како нова институција, која ќе обезбеди објективни критериуми за избор на новите судии и обвинители, и, секако, мора да работиме на имплементација на стандардите во пракса“, вели Арнаудовска во интервју за Гласот на Америка. Арнаудовска смета дека во праксата мора многу да се работи за да се охрабрат судиите и обвинителите да бидат независни од политиката и одбива да го коментира сличајот за новинарот Томислав Кежаровски. „Јас повеќе пати сум одговарала на новинарски прашања во врска со случајот Кежаровски. Значи, се работи за судски процес што е завршен со првостепена пресуда.  Сите меѓународни стандарди ни забрануваат ние како судии да коментираме било каква пресуда која што е во траење.  Да почекаме повисоките судови да ја дадат својата одлука“, вели таа за Гласот на Америка  на македонски јазик.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии