17 Мај, 2024
0.6719

Ангеловска - Бежовска ги детектираше позитивните сигнали во вториот квартал

Објавено во: Економија 10 Јули, 2018

Добивај вести на Viber


Новата гувернерка на Народна банка на РМ, Анита Ангеловска - Бежовска, вели дека постојат сигнали на подобрување во вториот годишен квартал (април, мај, јуни) во неколку сегменти во македонската економија.

- На пример, падот на извршените градежни работи значително забави, прометот во трговијата бележи позабрзан раст, трговскиот дефицит се стесни, а поповолни поместувања се забележуваат и кај индикаторот за економскиот сентимент на Европската комисија. Сепак, бројот на расположливи индикатори, во овој момент е ограничен за да се направи посеопфатна процена за економската активност во вториот квратал од оваа година, вели гувернерката.

Во втората половина од годината може да се очекуват повисоки стапки на раст што би ги надополниле отстапувањата од почетокот на годината, но клучно за тоа, според гувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска, ќе биде дали активностите на поголемите инфраструктурни проекти ќе забрзаат и добијат на интензитет. 

- Податоците за првото тримесечје покажуваат стагнација на економијата и понатамошен пад на инвестициите и овие  остварувања се послаби од нашите оцени, што создава надолен ризик околу проектираниот раст за оваа година.  Но, она што е исто така важно е што оваа слаба активност не е дисперзирана, туку концентрирана во градежништвото, односно инвестииците. Оттаму, сметам дека клучно ќе биде дали активностите на поголемите инфраструктурни проекти ќе забрзаат и добијат на интензитет. Доколку тоа се случи, не е исклучено во втората половина од годината да имаме и повисоки стапки на раст, со што дел од ова надолно отстапување на почетокот на годината би се надоместило, истакнува гувернерката во интервју за МИА.

Додава дека проектираниот раст на НБРМ во рамки на априлските проекции е 3,2 проценти за оваа година што се базира врз неколку клучни претпоставки – релативно поволно надворешно окружување, односно натамошно закрепување на странската побарувачка со позитивен импулс врз извозот, стабилен домашен политички амбиент, натамошен прилив на странски инвестиции, поголема искористеност на постојните странски капацитети, и особено важно, повторно отпочнување и засилување на циклусот на јавни инфраструктурни инвестиции.

Во однос на каматните стапки вели дека цената на кредитите веќе подолг временски период постојано се намалува и дека од крајот на 2009 година досега, просечната каматна стапка на денарските кредити е пониска за над четири процентни поени и во моментов изнесува 5,8 отсто, што претставува историски минимум.

- Анкетните истражувања што ги спроведуваме, како на пример Анкетата за кредитна активност, покажуваат континуирано олеснување на кредитните услови, за населението од 2010 година, а за корпоративниот сектор од 2014 година наваму. Олабавувањето на монетарната политика, намалувањето на трошокот за финансирање преку падот на пасивните каматни стапки, релативно стабилниот амбиент, унапредувањето на управувањето со ризиците, како и растечката конкуренција се секако фактори што ја намалуваат цената на кредитите. Одредена улога веројатно имаа и нашите неконвенционални мерки во доменот на задолжителната резерва, што имаа за цел да го намалат трошокот за финансирање на дел од корпоративниот сектор. Дали и со кое темпо и интензитет, во иднина би се намалувале каматните стапки, тешко е да се каже. Евентуалните натамошни промени на активните каматни стапки би биле одраз на повеќе фактори, вклучително поставеноста на монетарната политика, перцепциите за ризиците, состојбите во реалниот сектор, конкуренцијата во банкарскиот систем, финансиската кондиција на банките и приватниот сектор и слично, истакнува гувернерот на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за МИА.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА