15 Декември, 2025
0.2917

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

Објавено во: Економија 16 Мај, 2024 08:15

Добивај вести на Viber

Дека македонското вино е врвно е одамна познат факт, а се повеќе во тоа се уверуваат и пребирливите странски купувачи.

За нив е тука „Тиквеш“, компанија која од период во период се повеќе ги зголемува своите продажби на странските пазари, а за тоа говорат и нејзините финансиски извештаи.

Најголемата и најуспешната винарска визба во земјава го објави Билансот на успех за првиот квартал од годинава, а тој говори дека само за три месеци нејзиното работење резултирало со чист профит од 554 илјади евра, што е раст од фантастични 89 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Во првото тримесечје од годинава вино пиеле и Македонците, а уште повеќе странците. И не жалеле пари за добра и квалитетна винска голтка.

Тоа го потврдува фактот што на име на приходи од продажбата само за период од првите три месеци од годинава „Тиквеш“ има инкасирано прилив од дури 12,54 милиони евра, што е за 19 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година.

А, од овие пари помал дел отпаѓа на домашниот, а поголем на странскиот пазар. Или, од продажба од домашниот пазар се наплатени приходи од 5,32 милиони евра, што е одлична сума која говори за пораст од 11 проценти во одбнос на истиот период од минатата година.

Затоа, пак, странските купувачи на „Тиквеш“ во првиот квартал му платиле дури 7,22 милиони евра за вината на таа компанија, а што е зголемување на приходите од продажба на странскиот пазар за дури 25 проценти. Значи, колку повеќе странците го вкусуваат ова вино, толку се зголемува и нивната жед за тој вински производ.

Пораст има и кај трошоците од продажба на производи и услуги, но тој бил помал од растот на приходната страна. Или, оваа ставка во првиот квартал достигнала 7,21 милиони евра, што означува зголемување за 11 проценти.

Сето ова прави ова акционерско друштво да ја заврши годината со бруто добивка од 5,33 милиони евра, што е зголемување за 30 отсто во однос на минатата година.

Латени се административни трошоци од 860 илјади евра, како и трошоци за продажба и маркетинг, на сума од 1,1 милиони евра, а направени се и други трошоци, но и вредносни усогласувања на нетековни и тековни средства, што на крајот доведува до оперативна добивка од 832 илјади евра. Тоа говори за раст од 76 отсто во однос на истиот период од минатата година, а што го покажува всушност растот на основниот бизнис на компанијата.

Акционерското друштво „Тиквеш“ во првиот квартал од годинава имало финансиски расходи од 141 илјади евра и тоа е раст за 40 отсто, а откако се платени тие, но и данокот на добивка кон државата од 10 отсто, на компанијата и останал чист профит од 554 илјади евра за само три месеци. Што е речиси двојно зголемување, или пораст од 89 отсто во однос на истиот период од минатата година. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност