Анѓушев: Спасивме 95 милиони евра
Објавено во: Економија 02 Ноември, 2018
За автопатот Кичево-Охрид, што е предвидено да биде завршен во 2021, сумата што же се плати за негова изградба е намалена за 95 милиони евра, објави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Според договорот на старата Влада требало да се плати 282 милиони евра, а со договорот на новата Влада тој ќе изнесува 187 милиони евра.
- Интензивно ќе продолжи автопатото Кичево - Охрид. После една година домаќинско и одговорно преговарање со изведувачот, успеавме да ја намлиме високата цена што требаше да ја намалиме.- рече Анѓушев.
И министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се надоврза дека преговорите биле тешки, но се исплатело, бидејќи Македонија ќе трабало да плаѓа високи пенали доколку се откажеше изградбата.
Досега „Синохидро“ има пробиено 60 отсто од предвидената траса.