27 Април, 2024
0.0275

Анѓушев за албански компании добитници на грантови: Требало да аплицираат повеќе

Објавено во: Економија 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот Кочо Анѓушев одговарајќи му денеска на пратеникот Сурија Рашиди на седница изјави дека грантови од повикот на Фондот за иновации и технолошки развој добиле две или три компании чии сопственици се Албанци од вкупно десет што аплицирале. 

Пратеникот  праша зошто е мал нивниот број.

„Тоа не отстапува од бројот или од процентот колку што добиле и сите останати. Требало да аплицираат повеќе и веројатно и ќе добиеле повеќе. Ни на крај не ми паднало ниту имам намера да размислувам на тој начин – која фирма е македонска, која е албанска. Во моето работење има само еден пристап – дали знае или не знае да работи“- рече Анѓушев.

Појасни дека на повикот се пријавиле над 300 компании од кои грантови добиле 79 по две селекции од експерти и дека за изборот не одлучлувала ниту некоја институција, ниту Кабинет, ниту министер.

Рече и дека средствата од грантови ИПА-програмата за конкурентност за следните четири години ќе бидат главно насочени за мали и средни компании. Тоа е за да има рамномерен регионален развој тие ќе бидат само за трите економски најнеразвиени подрачја – полошкиот, североисточниот и југозападниот регион.

Премиерот Зоран Заев вели дека целата ситуација покажа дека процесот бил воден јавно и транспарентно со што ги покажа недостатоците и аномалиите, кои сега се коригирани. 

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот