24 Ноември, 2024
0.0285

АНЃУШЕВ ЗА ФАКТОР: Никој не можеше да предвиди ваква енергетска криза

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Добро е што државата се обидува да набави јаглен за РЕК Битола, коментира за Фактор Кочо Анѓушев, сопственик на „Фероинвест“ и поранешен вицепремиер за економски прашања. Самиот е еден од поголемите познавачи во енергетиката, а за Фактор вели дека ситуацијата со снабдување со струја во светот, а пред се во Европа, е многу сериозна. Последиците за Македонија не можат да се предвидат, како што сосем е неизвесно и како ќе се реши ситуациајата на глобалниот пазар. Очекува сепак сигурно поскапување на електричната енергија во земјава во следниот период, иако, според неговите прогнози, можно е берзанските цени и да се намалуваат во следниот период, никогаш до ниво од пред кризата.

„Македонија е мала и небитна. Сериозна е ситуацијата во светот, односно во Европа. Македонија ниту може да влијае негативно, ниту позитивно, туку едноставно ќе ја дели судбината на цела Европа, и тоа се последиците кои ќе ги дели и Македонија.  А последиците се знае кои се, ќе се зголеми цената на електричната енергија. Цената на електричната енергија сега се држи заради тоа што ЕСМ дава евтина енергија во системот, ама тоа не може да биде неограничено. Значи, со тек на време, а кога не знам, струјата ќе мора да поскапи. Следно е дека индустријата ќе мора да плаќа поскапа енергија бидејќи е на слободниот пазар. Таа цена ќе се вкалкулира во секој производ, зависи со колкав процент во кој производ учествува струјата, некаде е 40 отсто, некаде е пет отсто.  Тоа нормално ќе влијае врз цените на крајните производи, вели Анѓушев во разговор за Фактор.

На прашањето зошто и во негово време им беше наложено на државните Електрани (ЕСМ) да ја продава струјата по пониска цена, вели, не можело ништо да се предвиди во тој момент кога берзанската цена беше пониска. Објаснува декса никој не знаел ниту дека ќе има пандемија, ниту дека ќе победат Зелените во Германија, па ќе треба да се затворат сите рудници.

„Точно е дека тоа се правело на политичка основа за да се обезбеди социјален мир. Тоа сите го знаат. Зошто ЕСМ би давале цена по 35 или 38 евра, ако истата таа струја можеше да ја продаде на берза по 200 евра. Сега оваа државна компанија ќе беше најбогата, но тогаш вие дома ќе плаќавте наместо 2.000 денари за струја, по 15 до 16 илјади денари“, вели Анѓушев, додавајќи дека ако властите би носеле такви непопуларни одлуки, ќе ги губат изборите.

Нагласува дека секогаш се залагал за пазарна економија и велел дека така не треба да се постапува, но се согласува дека мора да се води сметка и за социјалната компонента.

Според поранешниот вицепремиер, добро е што државата се обидува да купи јаглен, за да се зголеми производството во РЕК Битола, со што преку оваа централа која е најголем снабдувач во земјава, ќе се зголеми понудата на струја. Сепак, вчера попладнето стана јасно дека на отворениот повик на ЕСМ ниту една компанија не достави понуда за бараните количини.

За ТЕЦ Неготино вели дека се мали шансите да се активира затоа што не е во добра кондиција.  

Анѓушев е основач на Енерџи деливери солушнс (ЕДС) компанија која по Преспанскиот договор ја продаде на грчки ППЦ, сега во тешка кондиција поради загубите од високата цена на струјата. Голем дел од домашните трговци самоиницијативно ги раскинуваа договорите за снабдување со компаниите.

„Трговецот го носи ризикот, тој има два избора, едниот е кога ќе ја продаде струјата, и да ја купи, но за тоа требаат многу пари, или треба да бидеш јака фирма. Или продаваш на слепо, без да купиш, а сега кога доаѓа да купиш по друга цена, влегуваш во загуба и не можеш тоа да го издржиш. Јас мислам дека на добар дел од трговците им се случи второто. Ако сега трговците не можат да ја издржат таа загуба, ќе треба да пропаднат. Договорот е однос меѓу две страни, затоа што ако трговецот пропадне, како ќе го исполни договорот. Мислам дека еден дел од фирмите нема да го преживеат ова, какви последици тоа ќе има општеството, не можам да ви кажам. Но, зошто се нафатиле да бидат трговци со струја“, вели Анѓушев.

Категоричен е дека неизвесноста ќе потрае се додека не се стабилизира производството од обновливи извори, но не е исклучено во Европа да се активираат и рудниците.

„Сите сакаме екологија, еве и јас сакам, еве и јас правам еколошки проекти, ама тоа има цена. Тоа сега треба некој да го плати. Се затворија рудниците за јаглен во Европа, секаде, а се затворија и термоелектраните во Европа и во светот. Но, треба да се знае дека обновливите извори се такви извори и од таква природа, кои даваат струја кога ќе даде природата. Оваа година беше сушна година. Прв пат во десет години мене цели два месеци хидроелектраните не ми работеа, целосно пресушија. Значи, убаво е да се произведува струја од обновливи извори, ама тие даваат струја кога ќе даде природата. Ветерните електрани даваат струја кога ќе има ветер, а ако нема, не даваат“, потенцира Анѓушев.

Во меѓувреме, рече, поскапе и гасот, а поради низа геополитички околности со Русија тој е се помалку достапен за Европа. Дали е можно брзо решение?

„Во енергетиката ништо не се прави ургентно. Ако немаш план за десет години, немаш воопшто. Ако е рудникот затрупан, а механизацијата продадена, не оди лесно. Ако сака некој да донесе нова механизација, таа треба да се купи, но дали има исплатливост да се купи механизацијата, ако не се знае колку ова ќе трае, има ли исплатливост да се купи само за два месеци колку што би се барал јагленот, а потоа да се каже, не треба повеќе. Во енергетиката ништо не се прави преку ноќ. Сега Германија ги отвора рудниците, се мачат, носат механизација, но, има земја, треба да се најде јагленот, да се направи рударски проект, еколошки проект, да се тргне јаловината, па јагленот да се ископа, а тоа е процес“, објаснува Анѓушев.

И третата компонента, според него, е што во светот има реална инфлација, бидејќи, како што вели, низ светот се испечатија многу пари, а тие нема што друго да предизвикаат освен инфлација, која делумно се базира на реална, а делумно на шпекулативна, односно психолошка компонента.

Што ќе се случи е перспективно, е клучното прашање кое ги мачи сите. Перспективно, вели, енергијата ќе биде скапа.

„Бидејќи, не може да се постаса, со развојот на обновливите извори на енергија и на другите енергенси толку колку што расте потрошувачката, и тоа се разбира, ќе чини. Дали струјата ќе остане толку скапа колку што е денеска, нема. Но, никогаш нема да се врати на старото ниво. Ако можам тоа да го објаснам во бројки, ќе бидам најбогат човек на светот, заклучува Анѓушев.

А.Т. - Н.Н.Ф.

Фото: Архива Фактор

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна