На еден од четирите автопати на Бехтел и Енка се уште не е почнато ништо да се работи

Објавено во: Економија 14 Април, 2025 07:50
Според последниот месечен извештај на „Бехтел и Енка“, изведувачот кој работи на проектот за поврзување на Коридор 8 и Коридор 10Д во Македонија, испратен до инвеститорот „Државни патишта“, се уште ништо не е започнато да се работи на еден од четирите автопати.
Од Требеништа - Струга - Ќафасан не е реализирана ниту една фаза, додека на останатите три делници работите се во прогрес. Официјалните градежни активности започнаа во март 2023, треба да завршат во декември 2027, но на овој автопат, според извештајот, не се започнати ниту геолошките истражувања.
Министерот за транспорт Александар Николоски пред месец и пол рече Владата ќе разговара директно со УНЕСКО за да се утврди кое решение ќе биде најсоодветно за зачувување на заштитениот статус на Охридското Езеро и регионот, а во исто време да се направи и автопатот од Требеништа до Ќафасан, но од тогаш нема никаков фидбек во јавноста.
- Имаме стриктни забрани од УНЕСКО да развиваме пат и железница во заштитениот дел од Охридското Езеро, каде влегува и делот кој потенцијално би го опфаќала и оваа патна делница. Очекувам во текот на месец март заедно со министерот за култура, градоначалникот на Охрид и останати експерти во Париз да имаме средба на највисоко ниво, каде што ќе ги отвориме овие прашања и секако дека нема да одиме спротивно на препораките на УНЕСКО. Многу е значаен статусот кој го има и градот Охрид и Охридското Езеро. Секако дека ќе се прилагодиме на нивните барања. Дали тоа ќе значи поместување на трасата посеверно или ќе значи целосно нова траса или ќе можеме да се вклопиме во постојната траса, се работи кои ќе ги дискутираме. Тука имаме уникатна состојба и само во овој дел не сакам да се врзувам за рокови, туку и за заштита на сето ова што го имаме – рече тогаш Николоски.
Јавното претпријатие „Државни патишта“ во програмата за работење за 2025 испланира вкупно 150 милиони евра за конзорциумот „Бехтел и Енка“. Од овие средства, 130 милиони евра се веќе предвидени во државниот буџет за оваа година за американско-турскиот оператор, а јавното претпријатие има уште околу 20 милиони евра непотрошени од претходните години кои дополнително ќе се префрлат, пишува во програмата.
Во меѓувреме беше објавена и владината годишна програма за овој проект, каде што е објавено дека за 2025 се предвидени точно 7.592.500.000 денари, односно околу 125 милиони евра за „Бехтел и Енка“.Тука се предвидени пари за експропријација и судски вештачења, специјален стручен кадар, проектирање, дислокации на подземни и надземни инсталации, подготвителни градежни активности на траса, геомеханички истраги, обезбедување на канцеларии и други потреби за надзорот, за сеча, дотур и превоз на дрвната маса од земјиштето што е предмет на трајна пренамена за изградба,
А.К.
Можеби ќе ве интересира
СЕКОЈ ТРГОВЕЦ КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ДОБАВУВАЧ, ГО УЦЕНУВА И ДИКТИРА УСЛОВИ, РИЗИКУВА САНКЦИИ - се огласи КЗК: Да се почитува Законот за забрана на нефер трговски практики

ИМОТИ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ПРОДАВААТ КАКО АЛВА: Бум на пазарот во Дубаи

ДО СКОРО ДАВАА НАГРАДИ НА ВРАБОТЕНИ ШТО ЌЕ ДОНЕСАТ НОВ РАБОТНИК, СЕГА ДОЈДЕ ОБРАТЕН ПРОЦЕС - како падот на нарачките од Германија се одрази на „Мода“ од Свети Николе

УПОЗ: Има ли пилот во авионот!?Ќе дојде 1-ви Мај, а нема плата

Бизнисменот Дестани во канцеларијата во Дубаи ги пречека амбасадорите на Македонија, Албанија и Косово

Кој заработи речиси половина милион евра во март од извоз на јагнешко во Хрватска?

ПРОГНОЗА НА ММФ: Раст за македонската економија од 3,2 проценти, за Косово 4, Албанија 3,8, а Србија 3,5 проценти

ЕВЕ КОЛКАВА Е ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА ПО ВРАБОТЕН: Надминува 40 илјади

НЕВЕРОЈАТНА СУМА ВО 2024: Македонците истргувале акции во странство за 105 милиони евра
