29 Септември, 2024
0.0329

Анима Мунди бара дозволи за активистите пред денешната владина седница

Објавено во: Македонија 13 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Итно да се овозможат дозволи за движење на активистите (контролирано, временски ограничено и одговорно) кои под своја грижа имаат стотици бездомни кучиња, бара здружението за заштита на животните Анима Мунди пред денешната владина седница.

„Има ли крај на апсурдот – кинолози добиваат дозволи за движење и спроведување активности во полициски час, грижа на одгледувачници кои генерираат профит, а постојат „на диво“ ; додека за активисти за права на животните, кои се грижат неретко и за цели стационари бездомни кучиња и на тој начин помагаат во решавање на проблемот на општините, дозвола нема!“, пишуват од Анима мунди на својата фејсбук страница.

Веќе едн недела, велат, талкаат низ институционалните лавиринти со цел да обезбедат дозволи за (контролирано, временски ограничено и одговорно) движење на активисти кои се грижат за бројни бездомни животни, локализирани/стационирани/уклонети од улица, кои зависат од човечка грижа и кои не можат да бидат оставени со денови без храна и вода, додека трае полициски час. 

„Од Министерството за информатичко општество и администрација каде што доставивме Барање согласно предвидените процедури сме препратени до Владата и Кризниот штаб, од таму во општините, па во локалните полициски станици, но решение нема... Тук таму се добиени дозволи за одредени поединци, додека други се одбиени , без образложение.

Ние ги почитуваме мерките на Мин. за здравство и Владата, ја разбираме сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме и во ниту еден случај не би ги нарушиле предвидените мерки и процедури, но веќе со недели укажуваме дека е неопходно да се согледа аспектот на нашето дејствување (со кој ја помагаме државата и општините) и БАРАМЕ ИТНО да ни биде дозволено движење во ограничен временски рок со цел грижа (храна, вода, основна вет. помош) за бројните бездомни животни за кои се грижиме.

Ова дотолку побргу мора да се реши бидејќи доаѓаат денови на Велигденските празници кога се најавуваат повеќе денови полициски час.

Активистите не се престапници за да дејствуваат скришно, криејќи се од полицијата, туку хумани граѓани кои во овие времиња на криза не можат да запрат со грижата на оние кои зависат од нас, а тоа се животните. БАРАМЕ да активистите за заштита на животните наидат на институционално разбирање и ги добијат истите права како другите категории на граѓани чие дејствување има допирни точки со животни (на пр. кинолози, ловочувари и слично).“, пишуваат од Анима Мунди. 

Можеби ќе ве интересира

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи