28 Септември, 2024
0.0260

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Од политичката партија Вреди, која е дел од владејачката коалиција вечерва реагираат по изјавите на опозицијата. 

- Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) повеќе од две децении ја користи лагата и манипулацијата како своето најмоќно оружје за да го задржи владеењето. Одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци од своите огништа.
ДУИ 22 години беше на власт, но сè уште се однесува како да не сноси одговорност за пропаднатите генерации. Благодарение на оваа партија, албанските деца во Велес не знаат да пишуваат и читаат на својот мајчин јазик - истакнуваат од Вреди. 

Од партијата додаваат дека „во исто време, тие му доделија државјанство на санкционираниот украински политичар Александар Онишченко, додека илјадници Албанци, родени во Северна Македонија, и понатаму се без државјанство“. 

- ДУИ е исто така одговорна за обидот на црногорскиот проруско санкциониран политичар Дака Давидовиќ да воспостави „пашалук“ со своите бизниси во Тетово. 
Не забораваме дека оваа партија беше креатор и промотор на проектот „Отворен Балкан“ заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ, ставајќи ги интересите на Албанците на маргините. Истите луѓе, преку министерот Бујар Османи, го донесоа Сергеј Лавров во Скопје и го понижија Косово со планот од 9 точки. Овие предавнички потези не смеат да се заборават - истакнуваат од Вреди. 

Од таму додаваат дека пропагандата на ДУИ ја премина секоја граница, но граѓаните на изборите јасно порачаа дека е време за промени. 

- Им дадоа заслужена казна на оваа корумпирана партија, која го залажуваше народот со години.
ВРЕДИ останува посветен на борбата за иднина која ќе биде праведна, транспарентна и ослободена од манипулации и мрачни договори. Ние нудиме надеж и решенија, не празни ветувања - нагласуваат во соопштението испратено до медиумите. 

Можеби ќе ве интересира

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот