АНКETA: Мнозинството Грци ги оправдува протестите и не сака име со терминот „Македонија“
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2018
Повеќе од половина Грци велат „Не“ за сложено име со вклучен термин Македонија.
Со ваков став се 59 проценти, покажува последното истражување на јавното мислење во Грција. Во анкетата спроведена од агенцијата Pulse за телевизијата Action 24, за 72% од испитаниците е важен спорот за името, а 65% рекле дека се позитивни протестите за „Македонија“.
За терминот Македонија 59% одговориле дека не се согласуваат, 35% рекле дека се согласуваат.
Поголема доверба анкетираните Грци имаат во претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, отколку во актуелниот премиер Алекис Ципрас, за да управува и на најдобар начин за Грција, да го реши прашањето со името.
Ципрас добил 51% поддршка кај гласачите на СИРИЗА, а Кирјакос Мицотакис 66% од оние кои на изборите во 2015 гласале за неговата партија.