„Anonymous“ СО ЗАКАНА ДО ТУРЦИЈА: Ќе напаѓаат турски сервери, банки, владини сајтови
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2015
Хакери од групата „Анонимни“ (Anonymous) најавија лансирање на големата кампања на сајбер војните против турската влада.
Тие ги обвинија властите во Анкара за поддршка на терористичката група "Исламска држава", пренесе проруска новинска агенција "Спутник".
Во видео објавено на YouTube, "Anonymous" најавуваат дека "Турција ја поддржува Исламска држава, купувајќи нафта од групата и примајќи во болници нејзините борци".
"Ние нема да го прифатиме фактот дека (претседателот на Турција Реџеп) Ердоган, ќе продолжи да им помага на џихадистите", се вели во пораката.
Според агенцијата, минатата недела хакерската група го нападнала околу 40 илјади сајтови во цела Турција. Агенцијата не го прецизира името на групата, која го извршила сајбер нападот.
Претставник на "Anonymous", кој го прочита обраќањето, предупреди дека "ако Турција не престане со поддршката за Исламска држава, учесниците ќе продолжат да организираат напади врз турски сервери, банки, владини сајтови и меѓу напади по серверите ќе продолжат да се насочени во аеродроми и воени објекти во Турција.