АНТИТЕРОРИСТИЧКА ОПЕРАЦИЈА ВО ИСТАНБУЛ: Нападнати јавни институции и возила
Објавено во: Балкан 29 Декември, 2015
Единицата за борба против тероризмот на турската полиција направила утрово во Истанбул повеќе акции против личности кои ги нападнале јавните институции и некои возила.
Како што пренесува новинската агенција „Џихан“, операцијата во која учествувал и тимот за специјални операции, како и полициски хеликоптер, започнала ноќеска во три часот по полноќ.
Агенцијата „Џихан“ пренесува дека налози за приведување биле издадени за осум луѓе.