АНТОНИ ПЕШЕВ СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ЧЛЕН НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - 50 илјади денари месечен паушал и патни трошоци
Објавено во: Финансии 30 Октомври, 2023 15:35
Познатиот бизнисмен Антони Пешев е именуван за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола.
Тој е именуван со мандат од четири години, како независен член на Одборот на директори на банката.
Оваа информација ја објави банката до инвеститорската јавност преку Македонската берза за хартии од вредност.
Како што навеле од банката, на именувани членови на Надзорниот одбор ќе им се исплаќа месечен нето износ од 50 илјади денари, како надоместок за учество и работа на седниците, како и јавни давачки во согласност со закон.
„На именуваниот член на надзорниот одбор кој ќе биде избран за претседател на Надзорниот одбор, ќе му се исплаќа месечен нето износ од 60 илјади денари, како надоместок за улество и работа на седниците, како и јавни давачки согласно закон“, навеле од банката.
На членови на Надзорниот одбор кои живеат надвор од седиштето на банката, односно надвор од Битола, ќе им се исплатува и надоместок во висина на трошоци за патување и сместување, по претходно приложени фактура или друга сосдветна документација.
Акционерите што ова го предложија, како што пишувавме, заедно имаат 5,25 отсто од акциите на Стопанска банка Битола, а бараат овој предлог да биде прифатен на Собрнието на акционери на банката што се одржа денеска, во Битола.
Станува збор за акционерите Трајан Масалковски кој има 19.501 акција, како и фирмата Јорго ДООЕЛ, со 1.000 акции.
„Ние како акционери доставуваме предлог за номинирање на м-р Антони Пешев за независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола. Предлогот го темелиме на неговото богато професионално искуство, кариерен развој во различни области од општествено економското опкружување, со потврдено знаење и репутација.
Сметаме дека овој кандидат со своето занење и искуство ќе придонесе за успешна работа и развој на Надзорниот одбор на банката.
Антони Пешев е роден во 1962 година. Од 2021 до денес е Извршен директор на Стопанска комора на Северна Македонија, од 2015 – 2021 Претседавач со Собранието на Стопанска комора на Македонија, од 2014 - 2017 Претседател на Деловниот совет (BC) на УАЦС – Универзитетот Американ колеџ Скопје (UACS University American College Skopje), Претседател на Деловниот совет (BC) на факултетот за компјутерски науки и информатика, како и бројни други истакнати општествени и економски функции.
Н.Н.Ф.Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




