18 Мај, 2024
0.0298

Апанажа ќе земаат 38 поранешни пратеници

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги прифати барањата за апанажа на 38 поранешни пратеници. 

На следната седница која ќе се одржи во вторник ќе го разгледува барањето од поранешната пратеничка, Љубица Буралиева за отпремнина до пензионирање.

Барања за апанажи поднеле и новите вицепремиери Рамиз Мерко и Хазби Лика, како и Лилјана Поповска, која повторно стана пратеник по испразнувањето место на листата на ДОМ. Тројцата ќе добијат апанажи за периодот од престанокот на функцијата пратеник до назначувањето на новите функции.

Според Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица од 2014 година, поранешните пратеници земаат апанажа во зависност од бројот на месеците во кои биле дел од Собранието, но парите ќе ги добиваат најмногу една година.

Сумата што ќе ја добиваат 38-те пратеници е околу 1.000 евра месечно. Апанажата е во висина на платата на пратениците, а ќе ја исплаќа Собранието. Поранешните пратеници ќе имаат право на надоместок и за време на годишниот одмор.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?