Апасиев обвини дека иницијативата за референдум е вратена со цел купување на време
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022 20:53
Враќањето на иницијативата на Левица за референдум за францускиот предлог е само купување на време според претседателот на партијата, Димитар Апасиев.
Сепак, рече дека тие ќе ја направат корекцијата во дадениот рок и повторно ќе ја поднесат.
„Значи, ова не е ист случај како со претходната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Ако правилно го читаме, иницијативата е вратена на корекција, односно спикерот Џафери спротивно, во негов стил силеџиски, како уставен судија, но сега со друга финта ни ја врати да ја усогласиме во рок од 15 дена. Ние впрочем тоа и ќе го направиме“, рече Апасиев во изјава за Сител ТВ.
Тој вели дека правното толкување на Џафери е неиздржано затоа што заклучокот бил став, а не бил акт и според тоа прашањето не било соодветно поставено.
Ако Џафери ја отфрли иницијативата откако ќе ја коригираат ќе почнат со целосна блокада на Собранието.
Собранискиот спикер Талат Џафери вечерва објави дека барањето за одржување референдум поднесено од Левица не е подготвено во согласност со собранискиот Деловник, а прашањето е несоодветно поставено, и бара во предвидениот рок од 15 дена предлагачот да го усогласи барањето.
Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за референдум.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




