Апасиев со цитат од Фидел Кастро одби формално коалицирање со Мицкоски
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2021
Димитар Апасиев, претседателот на „Левица“, со цитат од кубанскиот лидер Фидел Кастро одби формално коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ за предвремена пресметка со владеачкиот СДСМ.
- Првата политичка партија во која учествувал Кастро е партијата Ортодоксо. Тогаш освојуваат само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. Ставот на младиот стратег Фидел е:
„Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“, напиша пратеникот на Фејсбук.
Апасиев претходно изјави дека е за коалицирање за пад на Владата, но не и преку формално коалицирање.
Лидерот на ВРМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера ги повика опозиционите партии и партиите незадоволни од владеачката коалиција да му се придружат за да го собори Зоран Заев.