АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезна синот на Зоран Илиев Роџер

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019
Исчезна синот на Зоран Илиев Роџер, 28 годишниот Давид. Oваа информација брзо се прошири на социјалните мрежи. Случајот е пријавен и во полиција.
„Ве молам, сите што сте од Скопје! Исчезнат е нашиот син Давид Илиев. Ние, неговото семејство не можеме да направиме ништо оттука, во Австралија. Затоа, апелираме до сите кои сте од Скопје да го побарате Давид и доколку го видите, да го задржите и да не побарате на телефоните: 071229903 или 075363665. Помогнете ни да го лоцираме нашиот син кој го напуштил домот на неговите баба и дедо и ги оставил сите свои лични документи, пари и писмо поради кое се сомневаме дека е во состојба во која може да си наштети себеси“, апелира Зоран Илиев Роџер од далечната Австралија.
Почнете од Вардар, кејот на Вардар околу Аеродром, околните паркови во Аеродром и да го превртиме цело Скопје, се наведува на социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира
НИКОЈ НЕ МИСЛИ НА БЕРОВЧАНИ: Скоро година дена се без превоз

ЕПИДЕМИОЛОГОТ СТОЈАНОВ ЗА ФАКТОР: Сега е моментот да се донесе која било вакцина, да не се губи време во бирократија

Израелци скенирале и констатирале дека некој трет незаконски прислушува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ќе набавува кинески вакцини, денес нови 444 заразени со коронавирусот

Вакцинацијата во државата ќе се спроведува во три фази

Има 21 починат и 444 нови заразени со коронавирусот

Милошоски бара оној кој извршил родово насилство врз жена да не може да биде пратеник, градоначалник, министер
