Добивај вести на Viber
Казната денеска ја изрече Апелациониот суд, кој на скопјанецот М.С. поради кражба на струја му изрече казна затвор со што ја преиначи претходната одлука за условна казна од Основниот суд Скопје 1.
Како што информираат од ЕВН „Македонија“, сличен расплет се очекува од уште неколку вакви случаи при кражби на струја.
Кражбата на струја е кривично дело и за нив се предвидува затворска казни до 5 години, како и финансиските казни од 5-50 илјади евра. Од Евн велат дека од почетокот на годината на 880 корисници им испорачала пресметки за неовластено користење на електричната енергија во висина од над 5 000 евра.
„Со ова дело не само што се нанесува материјална штета на Дистрибутерот на елетрична енергија, туку оштетена е и државата за процентот на данок кој не може да се наплати на украдената електрична енергија. Најголем проблем крадците на струја прават на системот за дистрибуција, но во опасност го доведуваа и својот но и животот на своите блиски и соседи, поради најчестиот случај на пожари на местата каде се краде електричната енергија“, соопштуваат од компанијата.
Според анализите на австриската компанија со броилата манипулирале 144 корисници, 341 директно краделе електрична енергија, 133 самоволно се приклучиле откако предходно поради долг биле исклучени, а кај 262 корисника има фатено непријавени броила.
Само за првите 6 месеци во 2013 година крадците направиле штета од 124 милони денари за украдени 17, 5 милони киловат часови електрична енергија.