04 Мај, 2024
0.0253

Апликацијата QPick тргна да го освои светскиот шопинг од Македонија

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Охридска банка ги додели планираните 10.000 евра на првата бизнис идеја која се покажа како најперспективна во однос на огромниот број на пријавени кандидати. Средствата на Охридска банка за отпочнување на бизнис со иновативна идеја ќе одат кај QPick ноата апликација со светски потенцијал, а изработена во Македонија од македонски тим. Наједноставно опишан QPick е „Tinder за шопинг“ бидејќи ви дава можност да одберете производи кои се во ваша непосредна близина. Идејата на QPick е корисниците уште додека шетаат или одат да пронајдат што во нивната околина има квалитетно да се купи, по која цена и од каде. Тоа поврзување на корисниците и трговците ја прави QPick апликација со висок степен на потенцијал, па за домашниот и глобалниот успех разговараме со Зоран Настески, еден од основачите на QPick.

„Бевме поканети на настан во Пало Алто во Силиконската долина како дел од Inception Enterprise и тогаш на едно од предавањата професорот Гал кој специјализирал за дигитална иновација разговараше на темата колку има можност да се иновира во секторот на продажбата и шопингот, а во исто време таму беше и претставник на Тиндер. Тоа се погоди како вистински момент за нас. Иновација не е нешто ново, туку комбинација од веќе постоечки работи и подобрување на процеси, од тој момент навака QPick од идеја до бизнис план, стигна до Охридска банка и финално беше валидирано и сметам дека заслужно победивме, вели Зоран Настевски соосновач на QPick.

Нашиот таргет е светот, немаме намера QPick да остане локална апликација

„Секогаш размислуваме многу пошироко, а почнуваме од дома. Со QPick има можност да се развиваат и менуваат навиките на потрошувачите, додека пак компаниите многу полесно да се маркетираат. Она што ние ќе бидеме за Македонија и светот, потрошувачот ќе се информира за се што е добро и достапно, брзо и ефикасно да купуваат, да се движат во право место и во право време да ги добијат потребните информации, вели Настески за иновацијата која треба да ја донесе QPick.

Според Настески многу е важно сите креативни луѓе, иноватори и идни претприемачи да вложуваат во идеи и да не чекаат премногу за да стигнат до почетен капитал.

„Многу од менталитетот и локалното размислување кај потенцијалните претприемачи доаѓа од идејата за основен капитал. Со тек на време тоа се смени, сега најважен е интелектуалниот капитал. Им порачувам на сите потенцијални претприемачи да вложат многу напорна работа и интелектуален труд за нештото да влезе во реален производ, да си го најде патот во бизнисот и секако, нема откажување, вели Настески.

QPick апликацијата е наменета за смарт телефоните и е многу едноставна за користење со тоа што секако треба да го активирате и GPS локаторот за полесно пронаоѓање на достапните трговци со нивните производите кои се промовираат.

На Проектот „Чиста 10-ка“ на Охридска Бака Сосиете Женерал аплицираа 163 апликации, од кои 88 комплетно ги исполнуваа условите за понатамошно разгледување. Комисијата избра 5 финални апликации, од кои, една беше избрана за победничка и наградена со 10.000 евра. Тоа е апликацијата на Зоран Настески и Дамјан Димитриоски, Qpick.App.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски