19 Декември, 2025
0.0366

Во Македонски шуми работат 2500 луѓе, а милиони евра се расфрлаат по приватни фирми за сеча на дрва!

Објавено во: Економија 10 Мај, 2013 08:24

Добивај вести на Viber

Вкупно 3 милиони евра ќе им плати јавното претпријатие Македонски шуми на приватни фирми да сечат дрва. Ова е предвидено со многуте договори кои за само неколку дена Македонски шуми ги склучи за извршување шумарски услуги со приватни фирми, а се објавени на Бирото за јавни набавки. Анализираните договори се од 30-ти април до денеска, не земајќи ги предвид зделките склучени пред овој период. Праксата на Македонски шуми да најмува надворешни компании за сечење дрва не е новина. Веќе години наназад ова јавно претпријатие троши милионски суми за работа која во минатото ја вршеле дел од 2.500 вработени на претпријатието. Пред две години, Македонски шуми за цела година потрошило 13 милиони евра за истата намена, а приближно истата сума е потрошена и лани. Досега менаџментот не презел одговорност затоа што секоја година се трошат буџетски пари на надворешни фирми да ја вршат основната дејност на претпријатието. Напротив, директорот на Македонски шуми во неколку наврати има изјавено дека не може да ги натера вработените да се качат во планина и да сечат дрва оти земале мали плати и не биле мотивирани да работат. Тој потенцираше и дека доколку неговите вработени ја работеле истата работа за која сега се најмуваат приватни лица, тоа би го чинело претпријатието поскапо отколку што сега плаќале на надворешни фирми. Експерти пак, коментираат дека причината за небулозната состојба во која е доведено Македонски шуми е тоа што низ годините претпријатието трупало  нестручни работници, неспособни да ја извршуваат работата за која всушност земаат плата.  Тие потенцираат дека неопходна е трансформација на претпријатието и намалување на превработеноста. Приватни фирми и за прочистување на шумски патишта Пред само еден месец, Македонски шуми набави три нови булдожери во вредност од 350 илјади евра,  како дел од програмата за намалување на трошоците за ангажирање на надворешни фирми за реализирање на работи во претпријатието. Булдожерите се наменети за прочистување на шумските патишта, уште една дејност која се давала да ја вршат надворешни фирми. При набавката на возилата, Караџоски изјави дека со извршувањето на работите со сопствена механизација заштедата ќе биде 40% од трошоците на претпријатието за пробивање, одржување и реконструкција на шумски патишта. „Ако се знае дека до сега според тендерските набавки кои секоја година сме ги користеле, за прочистување на 1 км пат се трошело 10. 000 денари, за реконструкција околу 20. 000 денари, а за изградба на еден километар пат е потребно околу 280. 000денари по километар, а на годишно ниво се прочистува во просек мрежа од 244 км, се реконструираат 50км шумски патишта, тогаш е јасна оправданоста на оваа инвестиција“, објасни Караџоски. Инаку според предвиденото, Македонски шуми годинава треба да се трансформира во модерно претпријатие кое ќе се грижи за развојот и за заштитата на шумскиот фонд во државата.Во таков случај, претпријатието би трибало да се фокусира на производство и на други производи како што се брикети, палети и биоенергија.   С.Н

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?