18 Мај, 2024
0.1887

Арцелор Миттал ЦРМ и со голема продажба е во загуба од 5 милиони евра

Објавено во: Економија 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Арцелор Миттал ЦРМ друштвото бележи зголемени оперативни активности и продажба на странскиот и домашниот пазар која е зголемена до 80 милиони евра, но кварталната загуба која иако е преполовена во однос на истиот период лани сепак, изнесува високи 5 милиони евра.

Арцелор Миттал ЦРМ во првите три месеци од годинава има зголемување на оперативните расходи за околу 200 милиони денари во однос на првиот квартал од 2016-та или вкупно 1,7 милијарди денари. 

Од нив најголем удел заземаат трошоците за суровини кои изнесуваат 1,5 милијарди денари, но се зголемени за дури 400 милиони денари во однос на истиот период лани. 

Интересен е податокот кој открива дека и со зголемена оперативна активност, дошло до намалување на трошоците за вработените од 2.5 милиони денари во овие три месеци или вкупно истиот издаток изнесува 60,9 милиони денари.

Во финансиските расходи на компанијата сумите се многу помали за да имаат директно влијание на крајниот резултат, но се бележи зголемување на расходите за камати до 30 милиони денари во однос на истиот период лани. Арцелор Миттал ЦРМ на приходната страна на приходи од вложувања, заеми и камати и курсни разлики има зголемување за околу 45 милиони денари во однос на истиот период лани.

Како што веќе констатиравме Арцелор Миттал ЦРМ првото тромесечие од 2017-та гп завршува со загуба од 30.090.000 евра што е подобар резултат од истиот период лани кога загубата изнесувала 65.333.000 денари.

Арцелор Миттал ЦРМ 2016-та ја заврши со вкупна загуба од 152 милиони денари.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа