Арганово масло – мароканското злато
Објавено во: Стил 24 Август, 2014 20:36
Арганово масло е добиено од дрвото „Арганиа спиноса“ кое расте само на најјужниот дел од Мароко. Веќе илјадници години, жените го користат како еликсир на убавината, а се користи и за заштита од тешките климатски услови (силен ветер и сонце), за нега на осетливата детска кожа, за заздравување на рани, превенција од стрии во текот на бременоста, за масажа кај ревматолиден артритис.
Арганово масло често го нарекуваат и течно злато поради високиот процент на витамини, минерали и незаситните масни киселини. Поради споменатите вредности и зацврстување на кожата, аргановото масло е едно од омилените во козметичката индустрија и често може да се пронајде во производите за нега на лице, тело и коса.
Арганот е ендемско, реликтен вид на дрво од терциерниот период. Ниското стебло расте единствено на подрачјето на југозападниот дел од Мароко. Добро поднесува суша и температура до 50 степени целзиусови, а ако изумре после 70 години може да оживее. Плодот има облика на маслинка, а во него се наоѓа тврда семка од која со ладно пресување се добива маслп. За еден литар масло е потребно приближно 40 кг плодови и околу 20 часа работа.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






