Аргета-мајките во хуманитарен поход
Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2013
Грант од 18.000 евра од компанијата „Аргета“ ќе добијат хуманитарни организации што се стремат кон подобра иднина за жените, децата, семејствата во шест земји низ регионот.
Во Македонија, како и во другите земји, за добротворни цели ќе бидат доделени 3.000 евра. Клучната улога во доделувањето на донацијата ќе ја одигра пошироката јавност, бидејќи финансиската поддршка ќе ја добие организацијата што ќе собере најмногу гласови на фејсбук-страницата Аргета Македонија.
Ова е надградба на проектот „Мајките одобрија“ во кој учествуваа 18 мајки од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Косово.