АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО: Погледнете ги стадионите за Светското првенство во Катар!
Објавено во: Стил
13 Јули, 2014 14:27
Добивај вести на Viber
Аферите за доделувањето на организацијата на Светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар стивнаа за време на турнирот во Бразил, а ФИФА и Организацискиот одбор продолжија со подготовките за најнеобичниот Мундијал во историјата, кој заради високите температури ќе се игра во зимски месеци.
Катар го претстави нацртот на уште еден спектакуларен стадион каде ќе се игра Светското првенство во 2022 година. Станува збор за стадионот Ал Бајт во градот Ал Кхор, на 50-тина километри од Доха.
Импресивното здание наликува на мал град сам по себе, бидејќи вклучува шопинг центри, ресторани, шеталишта, полигони за велосипедизам и јавање. Капацитетот за време на Светското првенство ќе биде 60.000 места, но потоа ќе биде намален на 32.000.
Според она што го најавуваат домаќините, и другите стадиони на првенството ќе бидат вистински чуда на модерната архитектура.
Катар за Мундијалот во 2022 година гради 10 стадиони, од кои седум ќе бидат целосно нови, а три ќе поминат низ обнова и зголемување на капацитетите. Според последните проценки, трошоците за организација на Светското првенство ќе изнесуваат неверојатни 170 милијарди евра!
http://www.youtube.com/watch?v=HeSBzbneOGQ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: