26 Јуни, 2024
0.0305

Арсовска најави кандидатура, ВМРО-ДПМНЕ се уште молчи: Очекувам поддршка од сите партии

Објавено во: Македонија 26 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Се уште траат консултациите во ВМРО-ДПМНЕ околу името со кое ќе се трча по градоначалничкото место во главниот град, иако Даниела Арсовска, претседателката на Сојузот на стопански комори, веќе ја најави својата кандидатура.

Од партијата не откриваат дали ќе одат со партиски или пак ќе поддржат независен кандидат за Скопје. Потпретседателот Александар Николоски, веќе рече дека за тоа ќе се одлучело до крајот на оваа или почетокот на следната недела.

-Партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ ќе заседаваат на крајот на оваа и почетокот на следната недела, на кои што ќе ги разгледаме кандидатурите, ние имаме солидни кандидатури и во рамки на партијата, секако има и независни кандидатури, така што треба ВМРО-ДПМНЕ да одлучи на состанок на органите на партијата, дали ќе оди со сопствен кандидат или ќе оди со поддршка за независен кандидат и врз основа на тоа ќе излеземе со став во јавноста, изјави Николоски претходно.

Додека траат консултациите во опозициската партија, својата кандидатура како независен кандидат, ја објави официјално претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска. Нејзиното име претходно беше споменувано како едно од можните кое ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, а дали ќе биде така ќе се знае наредниве денови. 

„Очекувам поддршка од сите. Така и ја побарав поддршката денеска кога ја најавив кандидатурата, и искрено очекувам поддршка од сите партии. Притоа и не само од партии, туку и од сите симпатизери кои што без разлика на која партија припаѓаат, доколку веруваат на она кое што можам јас како програмски дел да го понудам за градот, за тие да живеат поубава, почиста средина и по среден град, дека ќе ја дадат поддршката за мене, и тоа не се однесува само на политичките партии и луѓето кои што се симпатизери на одредени партии, туку се однесува на сите организации, на сите неопределени скопјани и на сите оние кои што им е важно истото она кое што ми е важно и мене“ рече Арсовска синоќа во дневникот на Сител.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели