05 Мај, 2024
0.0242

Арсовски: Инвеститорите веруваат во стабилни банки како ТТК Банка

Објавено во: Економија 18 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Ова е пионерски чекор за нашиот пазар кој покажа дека има голем интерес од инвеститорите за вложување во корпоративни обврзници на стабилни и перспективни банки како што е и ТТК банка, вели Драгољуб Арсовски, директор на банката. ТТК Банка успешно ја реализираше првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративни обврзници по пат на јавна понуда.

Фактор веќе објави дека имаше голем интерес за понудата. За исклучително брзо време, во првите секунди од отворањето на јавната понуда, се запишале и уплатиле над 100 отсто од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и три месеци, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра. Инаку каматната стапка е фиксна и изнесува 3,5 отсто годишно. Бројот на заинтересирани инвеститори трикратно ја надмина понудената количина.

„Oвој пионерски чекор за нашиот пазар - прва успешна продажба на корпоративна обврзница издадена од ТТК Банка АД Скопје по пат на јавна понуда на примарниот регулиран пазар на Македонската берза, покажа дека постои голем интерес од инвеститорите за вложување во корпоративни обврзници на стабилни и перспективни банки што е потврда за успехот и резултатите на ТТК Банка АД Скопје. Издавањето на оваа хартија од вредност значи поддршка на развојот како на примарниот така и на секундарниот пазар на капитал. На овој начин ТТК Банка АД Скопје ја потврдува својата определба да го истакне значењето на користењето на производите на пазарот на капитал и нивното комбинирање со депозитите како традиционални извори на финансирање“ - изјави Арсовски, претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка.


Од банката велат дека одлучиле да се финансираат на ваков начин за да обезбедат долгорочни и стабилни извори на средства, но и да ја зајакнат капиталната сила и вкупниот финансиски капацитет на банката.

Обврзниците во наредниот период ќе се котираат на регулираниот пазар на Македонската берза каде ќе бидат достапни за секундарно тргување за инвеститорите, правни и физички лица. Приходите од вложување во обврзница се стабилни и предвидливи, што ги прави популарни за инвеститорите кои сакаат да остварат редовни приходи.

Од ТТК Банка велат и дека во 2018 година ги оствариле своите најдобри финансиски резултати, а во 2019 година ќе продолжат со активна поддршка на физичките и правни лица при остварување на нивните финансиски цели и потреби. Фактор веќе пишуваше за продорот на банката.

ТТК Банка АД Скопје ќе ги искористи прибраните средства од емисијата за финансирање и понатамошен развој и унапредување на работењето со физичките и правни лица.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години