19 Јануари, 2025
0.0267

Атлантик Група отвора фабрика во Нова Градишка

Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Атлантик Група со потпишувањето на прелиминарниот договор во Индустрискиот парк Нова Градишка го означи почетокот на  инвестицијата во нова фабрика за производство на енергетски барови од асортиманот на спортска и активна исхрана. Станува збор за проект во вкупна вредност од 16,1 милиони евра, кој во првата година на производство ќе отвори 50 работни места, а со планираниот раст на бизнисот, ќе се отворат вкупно 160 нови работни места. По завршувањето на потребните подготовки, почетокот на изградба на фабриката е планиран за април 2014 година, а првите производи од новата линија се очекуваат на пазарот во првиот квартал од 2015 година.

Атлантик Група е водечки европски производител на спортска и активна исхрана под брендот Multipower, а најголемиот дел од асортиманот се произведува во сопствените капацитети во околината на Хамбург (прашкасти производи и компримати), потоа во Рогашка Слатина (напитоците), додека енергетските барови досега се произведуваа договорно кај трето лице. Во согласност со стратешката одредба за консолидација на сопственото производство, со цел максимално користење на внатрешната синергија во системот, енергетските барови по завршувањето на  инвестицијата во новата фабрика ќе продолжат да се произведуваат во сопствени капацитети. „Со големо задоволство ние влегуваме во овој проект, првенствено затоа што создаваме нова вредност на најдиректниот начин – со изградба, производство, вработување, кој на крајот ќе резултира со извоз на сопствени висококвалитетни производи на светските, примарно на европските пазари. Новите производствени погони се проектирани во  согласност со највисоките стандарди за прехрамбено производство и претставуваат вложување во понатамошниот развој на нашиот сегмент за спортска исхрана, но и поширокиот развој во сродните подрачја на асортиманот на Атлантик Група во Југоисточна Европа. Во Нова Градишка наидовме на многу разбирање и поддршка од страна на локалната заедница и ни претставува големо задоволство што имаме можност преку развојот и растот на нашиот бизнис да допринесеме  и во развој на оваа бизнис зона", изјави Емил Тедески, претседател на Атлантик Група.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ