„Ауди“ и „БМВ“ продале помалку луксузни возила од „Мерцедес“
Објавено во: Економија 11 Февруари, 2016 11:34
Германските автомобилски гиганти „Ауди“ и „БМВ“ во јануари продале помалку луксузни возила од својот конкурент „Мерцедес-Бенз“, кој во голема мера е поддржан од континуираниот силен раст на кинеската побарувачка за компактни и „SUV“ возила.
Предводникот на Фолксваген, „Ауди“ и најголемиот светски производител на луксузни автомобили „БМВ“ објавија едноцифрен раст на испораките во Кина, далеку послаб од 52 процентниот скок за кој Мерцедес извести минатата недела, потсетува Ројтерс.
Глобалната продажба на „Ауди“, која минатата година за прв пат од 2010 година беше послаба во однос на „Мерцедес“, се зголеми во јануари од четири отсто во однос на истиот период претходната година, на рекордни 143.150 возила, објави германскиот автомобилски гигант на кој „ветер во грб“ му пружаат редизајнираните верзии на најпродаваните „А4“ лимузини и клучниот „Q7 SUV“.
„БМВ“ во истиот период забележа раст на продажбата од 7,5 отсто на 133.883 автомобили за нивниот темелен бренд, а продолжение на позитивниот тренд предвидуваат и за 2016 година и покрај нестабилноста во многу пазари, вклучувајќи ги и Русија, Бразил и Кина.
„Мерцедес“ во јануари ја зголеми продажбата од 20 отсто на 150.814 автомобили, што во голема мера се должи на зголемената побарувачка за неговата нова лимузина од „C-Class“ со средна величина. Во оваа година дополнителен „ветер во грб“ се очекува од лансирањето на новите модели на „E-Class“.
„Мерцедес и понатаму има најсилен интензитет во однос на производот и треба да се најде во врвот на топ листите по глобалната продажба на крајот на 2016 година“, вели аналитичарот на „ММ Warburg Marc“-Рене Тон, образложувајќи го тоа со повторно враќање на тој бренд на кинескиот пазар.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




